Стил / (Wo) man
Парфем со големина на кредитна картичка

Conquest е парфем фокусиран кон машката популација која бара моќ, односно мажи кои сакаат да бидат успешни во професионалниот и социалниот живот, мажи на кои облекувањето и дотерувањето им е еден од начините за постигнување на целта. Парфемот е наменет и фокусиран да постави висок квалитет на живот на корисникот. Иако Conquest се наоѓа на пазарот веќе подолго време, негов новитет е лесно преносливата амбалажа т.н.шише во големина на кредитна картичка. 
Амбалажата во која е сместен цилиндер со течност можете едноставно да ја сместите во вашиот џеб или новчаник и да ја користите во моментот кога ви е најпотребно, пред деловен или приватен состанок или пред излегување. Лесно преносливата амбалажа го симболизира сечилото на мечот и содржи во себе цилиндер исполнет со 20мл од миризливата течност кој може да се менува онолку пати колку што посакувате. Распрскувачот и портокаловото копче за распрскувачот доаѓаат со амбалажата исто како и во пакувањето од 100мл. Преку отсечениот дел од амбалажата може да се види колкава количина на парфем има останато во провидниот цилиндер. (Б.Т)
|