
|
 |
Стил / (Wo) man
Сара на мис Хаваи тропик во Лас Вегас
Манекенката Сара Леши на 10 мај ќе ја преставува Македонија на на 25 по ред интернационален избор за убавина мис Хаваи тропик кој годинава ќе се одржи во Лас Вегас. Сара со уште 100 девојки од целиот свет ќе престојува во луксузниот хотел "Голден нагет" во Лас Вегас. Убавиците ќе го посетат и Њујорк и Лос Анџелес. На изборот Сара Леши ќе носи креација на Билјана Каран.
" Ова ќе биде мое прво патување во Америка. Едвај чекам да заминам. Напорно вежбам во ТЦ. "Плаза" и се разубавувам во салонот "Мај сенс" на Андријана Будимир. Ќе дадам се од себе да оставам голем впечаток на овој избор" , вели Сара.
Сар иако најавуваше специјална фотосесија за српскиот и хрватскиот "Плејбој" досега не се сликаше за магазините. Таа вината ја гледа во организаторите кои и ветуваа дека токму таа ќе биде првата Македонка која ќе се слика за "Плејбој".
- Не сум јас виновна што сите менаџери ветуваат чуда, а потоа нигде ги нема. Не ми е криво што не се сликав, ќе дојде и тоа , само треба време", ни рече Сара.
Леши е апсолвент на Штуловиот универзитет, отсек француски јазик. Во јуни планира да дипломира. Иако досега ја врзуваа со повеќе јавни фаци, Сара моменто како што ни рече е во неколку месечна врска со наш фудбалер кој не сака да го открие.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
МТnet WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|