четврток, 24.04.2008

  IDIVIDI Мени
Стил / (Wo) man

Убавина на 20 години



Начинот на кој се грижите за вашата кожа на 20 години, определува каква ќе ви биде истата во зрелите години. Потрудете се следниве 7 работи да ви бидат животни навики...

1. Не одете во кревет со шминка на лицето

Ако заспивате со шминка на лицето, секако ќе имате дамки и акни по лицето. Дури и кога не сте нашминкани, миењето лице пред спиење е основна навика за заштита на кожата.

Пет минути труд пред легнување, ќе ви заштеди многу повеќе пари и време во потрага за производите за поправување на штетата.

Совети:

Маслен отстранувач на шминка е најдобар начин за бришење на шминката, без сушење на чувствителната кожа.

Памучни топчиња се многу погодни, кои се користат во комбинација со отстранувачот на шминка.

2. Носете очила за сонце секој ден

Кога станува збор за очила кои ги штитат очите и кожата, треба да сте многу внимателни при изборот. Мора да имаат стакла кои ги блокираат УВ зраците кои ја оштетуваат кожата,  а ги спречуваат болести на очите .

Ако се грижите за очите, еднакво се грижите за кожата. Потребно е да користите хидратна крема околу очите и на тој начин ќе си обезбедите потполна заштита.

Совети:

Во денешно време модерни се очила со големи стакла, што воедно е одлично за заштита на очите и кожата.

Бојата на очилата воопшто не е важна при заштита од УВ зраците.

3. Носете заштита од сонце секој ден

Да, токму секој ден, лето, зима, на дожд. Избегнување на сонцето е единствен начин за пролонгирање на стареењето на подолго време.

Штетите кои се предизвикани на 20 години, доаѓаат до израз после 30 години и тогаш веќе е премногу доцна за превенции и поправање на штетата.

Постои голем спектар на креми за сонцето. Користете ги оние со заштита од УВА и УВБ зраците и секако за секојдневно изложување на сонцето користете крема со заштитен фактор 15, а ако поминувате подолго време на сонцето користете заштитен фактор 30. 4.

4.Не пушете

Пушењето е најглупавата работа што можете да ја направите, посебно ако внимавате на кожата и на животот секако. Никотинот не дозволува кислородот нормално да продре до кожата.

5. Полека со алкохолот

Журките во 20 години се интересни, но будењето наутро и погледот на утринската кожа не се секако пријатни: устата е исушена, темните кругови под очите се доста впечатливи, а кожата изгледа уморна како на 40 години.

6. Пијте многу вода

Водата го спречува телото и кожата, од дехидрацијата. Осум чаши дневно вода помага во ослободување на токсините од телото, а воедно и ослободување од целулитот.

Ако водата не ви помага за слабеење, пробајте со зелен чај.

7. Спијте доволно

Секогаш преферирајте да спиете најмалку од 6 до 8 часа. Ако имате повеќе време, не одите на работа или на училиште, можете да поспиете и до 10 часа, што е добра работа.

Премалку спиење штети на изгледот на кожата и не и дозволува да се ревитализира и да се ослободи од стресот, кој го предизвикува стареењето.

(M.Ж)




Хајат ја банираше Хилтон
Олеснување со ќеф
Ова е чешма
Највисоката кула во светот
Масажа задолжително пред маска
Убавина на 20 години
Луѓето стануваа посреќни со годините
Вратете си ја енергијата
10 секси пролетни трендови
Шопингот е подобар од сексот
Совети за убавина и стил
Џоли и Мерлин најзаводливи жени
Зошто жени влегуваат во афери?
Парфем со големина на кредитна картичка
Дали ви се потребни промени?
Сара на мис Хаваи тропик во Лас Вегас
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Траен налог
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи