понеделник, 21.04.2008

  IDIVIDI Мени
Стил / (Wo) man

Вратете си ја енергијата

Доколку секојдневно сте изложени на стрес и губите сила поради постојаната борба, со времето, работните обврски, сменете го начинот на живеење.

Слушајте го својот организам и посветете си внимание, и после неколку дена може да се чувствувате многу подобро. За да побргу ги наполните батериите и за да му ја вратите изгубената енергија на телото, пробајте ги нашите супертрикови. Ќе се чувствувате одморени и свежи, а тоа ќе ви помогне полесно да се носите со животните проблеми.

Пијте тибетски чај

Доколку сакате да се заштитите од стрес, секојдневно пијте по неколку чаши тибетски чај, напивка за долговечност. За напивката која лесно се подготвува, потребно ви е вода, ѓумбир, сок од лимон, мед, мелена лута пиперка и анасон. Во тенџере сипете два литра вода, варете ја пет минути и оставете ја да се олади.

Потоа додајте пет грама изрендан ѓумбир, две лажици сок од лимон, две лажици мед, во прсти анасон и во прсти мелено луто пиперче. Напивката ставете ја во термос и пејте ја во текот на целиот ден. Најдобро пред секој оброк испијте по една часа.

Масирајте го целото тело

Станете десет минути порано од вообичаеното со цел да имате време за сува масажа, која ќе ве подготви за напорниот ден. Земете ја ракавицата за бањање и со силни движења тријте го табанот на десната нога, зглобот, натколеницата и бедрата.


Истото направете го и со левата нога. Потоа со кружни движења истријте го задникот, стомакот и страниците, а потоа преминете на рацете. Почнете од дланките и завршите со надлактицата. После масажата истуширајте се и нанесете хидратантно млеко за тело.

(Д.Т)




Вратете си ја енергијата
10 секси пролетни трендови
Шопингот е подобар од сексот
Совети за убавина и стил
Џоли и Мерлин најзаводливи жени
Зошто жени влегуваат во афери?
Парфем со големина на кредитна картичка
Дали ви се потребни промени?
Сара на мис Хаваи тропик во Лас Вегас
Сон за убавина
Заблуди поврзани со акните
Како до оптимизмот?
Што содржи женската чанта
Креациите на Бекамови тргнати од рафтови
Хелмут Кол ќе се жени
Nomadhome – практични и флексибилни куќи
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Траен налог
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи