понеделник, 21.04.2008

  IDIVIDI Мени
Стил / (Wo) man

10 секси пролетни трендови

Доколку сакате да сте „in“ оваа пролет следете ги последните светски трендови за шминкање и без сомнение ќе стигнете до неодолив и блескав заводнички изглед.

1. Тропски бакнежи

Спектарот на портокалови бои, од мандарина до бојата на коралот ќе ги обои бакнежите оваа сезона. Шминкерите предлагаат сјајни текстури. Добра вест е што оваа палета на тонови им прилега на сите, без разлика на тенот и бојата на косата.

2. Летни „smoky eyes“

Шминкерите заклучија дека „зачадените очи“ се толку секси, па навистина е штета да останат исклучиво само дел од вечерниот „make up“. Затоа смислија верзија со која ќе можете да се прошетате и преку ден, нешто што можеше да се види на последните ревии на Версаче, Емилио Пучи и Алберт Ферети. Во што е трикот? Едноставно – сивите и црните нијанси заменете ги со бронзена и бакарна боја. Металик кафено моливче за очи, потоа со сенка рамномерно засените ги капаците и нежно размачкајте ги, со цел да постигнете драматичен ефект.

3. Нокти како бонбони


Играјте си со боите, кој ќе го разбудат девојчето во вас. Електрик и „juicy“ pink одлично коинцидираат со исончан тен и враќањето на осумдесеттите на модната сцена. Но, не заборавајте, тие одлично изгледаат само на кратки нокти.

4. Дискретен сјај на кожата

Се прашувате во што е трикот? Дури и кога изгледа дека нема ни трошка шминка на лицето, топ моделите изгледаат божествено. Тајната е во беспрекорниот тен, светликавите пудри и хајлајтери. Со малку сјај на јаболкниците, челото, носот и очните капаци ќе го привлечете светлото на тој начин што вашето лице ќе заблеска во момент.

5. Зајдисонце на очите

Овој ефект можете да го постигнете со неочекувана комбинација на бои – со светло розова сенка засените го внатрешниот агол на окото, со портокалова целиот капак и на крај со модро сина боја врамете го окото.

6. Сребрен отсјај

Доколку не сакате јака и тешка сенка на очите, еве како само дискретно да ги нагласите. Нанесете малку розова или сива сенка со сребрен отсјај во внатрешниот агол на окото и на средината на капакот, а потоа размачкајте ја сенката со прст.

7. Ширум отворени очи

Долгите трепки се секогаш модерни и постојано се бараат, но оваа сезона модата бара волумен. За да очите ви изгледаат покрупно, нанесете маскара за зголемување на волуменот на горните, но и на долните трепки.

8. Туш со боја на виножито

Доколку до сега сте ги пробале тушовите со упадливи бои, тиркизен, електрик зелен, розов или портокалов, оваа пролет е вистинско време за еден таков експеримент, бидејќи  диско дивите од осумдесеттите се повторно на сцена. Доколку не сме многу вешти, тушот заменете го со сенка и со неа врамете го окото. Совет плус: во овој случај усните и образите се неутрални.

9. Незаменливиот сјај на црвените усни

Истражувањата покажуваат дека самото набљудување на црвени усни предизвикува забрзување на пулсот и на дишењето. Доволна причина зошто никогаш не треба да се откажете од нив. Но, оваа сезона и црвените усни добија своја верзија – стануваат попрозрачни и посјајни. Тоа значи дека, извесен период треба да се откажете од црвениот кармин и да го замените со сјај во иста боја.

10. Мултиколор руменило

Светските шминкери едноставно го обожаваат. И тоа не е без причина. Руменило со неколку различни нијанси, даваат природни розови тонови кои не отскокнуваат од бојата на кожата, туку и даваат здрав и свеж изглед. Најважно од се, со нив не мора да бидете професионалец за да постигнете профи ефект.

(Д.Т)




Вратете си ја енергијата
10 секси пролетни трендови
Шопингот е подобар од сексот
Совети за убавина и стил
Џоли и Мерлин најзаводливи жени
Зошто жени влегуваат во афери?
Парфем со големина на кредитна картичка
Дали ви се потребни промени?
Сара на мис Хаваи тропик во Лас Вегас
Сон за убавина
Заблуди поврзани со акните
Како до оптимизмот?
Што содржи женската чанта
Креациите на Бекамови тргнати од рафтови
Хелмут Кол ќе се жени
Nomadhome – практични и флексибилни куќи
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Траен налог
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи