Стил / (Wo) man
Луѓето стануваа посреќни со годините
Среќата се зголемува со годините, вели истражувањето кое траело цели 3 декади во САД.
Меѓу 15% и 33% од Американци на 18 години, во истражување кое се водело меѓу 1972 и 2004 изјавиле дека се среќни, меѓу кои жените биле посреќни од мажите, а белците посреќни од црнците.
Како стануваат луѓето постари, со годините стануваат и посреќни, потврдило истражувањето, а половина од испитаниците во ’80те години изјавиле дека се многу среќни.

„Со годините доаѓа и среќата. Нивото на среќата расте со зголемување на годините“, напишал Јанг Јанг, социолог на Универзитетот во Чикаго во извештајот на истражувањето.
Истражувањето дошло до заклучоци од интервјуата изведени меѓу 1972 и 2004 од страна на универзитетскиот центар за истражување на националното мислење, кое секоја година испитувало меѓу 1.500 и 3.000 луѓе.
Прашањата гласеле: „Глобално , како мислите дека работите стојат денеска - дали сте многу среќни, среќни или не сте среќни?“
Според Јанг истражувањето ги потврдило хипотезите дека со подобрувања на самопочитувањето и другите работи кои прават човекот да се чувствува подобро, среќата доаѓа сама по себе.
Разликите меѓу половите и расите, кога станува збор за субјективното чувство на среќата се намалува како луѓето остаруваат. Луѓето се посреќни кога постои економска стабилност во земјата, истакнал Јанг.
Но, оние луѓе кои се родени во конкурентската „Baby Boom“ генерацијата од 1946 и 1964, биле помалку среќни- најверојатно затоа што многумина не добиле што барале од животот, напишал Јанг.
(M.Ж)
|