четврток, 24.04.2008

  IDIVIDI Мени
Стил / (Wo) man

Масажа задолжително пред маска

Маските за лице се задолжителни за жените кои сакаат да имаат кадифена кожа. Но, честопати забораваме на едно особено важно правило дека мора да ја подготвиме кожата пред да го нанесеме препаратот, бидејќи тогаш подобро делува затоа што кожата тогаш полесно и повеќе впива од корисните материи.

Еден од начините е да си купите фротирна ракавица. Наизменично навлажнете ја со топла, па со ладна вода, за да ја подобрите циркулацијата. Друга опција се кремите – изберете ги оние неутралните.

Лицето масирајте ги со кружни движења, а потоа тапкајте за да ја смирите кожата.

Оптималното време на овој вид на разубавување е 20 минути. Со врвовите на прстите почнете да се масирате од вратот нагоре, се до образите. Продолжете да ги масирате образите со кружни движења, а челото поради брчките масирајте го наизменично со хоризонтални и со кружни движења. Особено корисна е масажата на слепоочниците, бидејќи со тоа се активира крвотокот со кој се снабдува мозокот и така доаѓа до општо освежување на организмот. Длабоките брчки околу усните обично се јавуваат како резултат на правење гримаси, а не со текот на годините. Ублажете ги масирајќи ги со кратки и јаки притисоци во правец лево десно, а како подлога за масажата ставете крема богата со хранливи материи. Носот се масира од горе надолу, а потоа кожата се развлекува кон страните на лицето. Со тоа се постигнува еластичност на кожата, која така одморена полесно ја прима било која маска.

(Д.Т)




Хајат ја банираше Хилтон
Олеснување со ќеф
Ова е чешма
Највисоката кула во светот
Масажа задолжително пред маска
Убавина на 20 години
Луѓето стануваа посреќни со годините
Вратете си ја енергијата
10 секси пролетни трендови
Шопингот е подобар од сексот
Совети за убавина и стил
Џоли и Мерлин најзаводливи жени
Зошто жени влегуваат во афери?
Парфем со големина на кредитна картичка
Дали ви се потребни промени?
Сара на мис Хаваи тропик во Лас Вегас
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
МТnet WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright МТ - 2004
преземи