Стил / (Wo) man
Хајат ја банираше Хилтон
Луксузниот хотел Хајат и стави забрана за престој на Парис Хилтон откако малата богаташка го напиша своето име на скапиот ѕиден тапет.
Дваесет и седумгодишната наследничка со црн маркер напишала „Парис Москва 2008“ за време на фото сесијата во претседателскиот апартман во московскиот Хајат, каде едно ноќевање чини речиси 10.000 евра.
Управата на хотелот ја казни Парис со 5.600 евра за направената штета.
„Госпоѓица Хилтон го уништи тапетот во луксузниот апартман. Во таков случај клиентот автоматски оди на црната листа“, изјави портпаролот на Хајат хотелот.
Претходно, трендсетерката, која беше една од водителките на МТВ Русија потроши повеќе од 37.000 евра во продавница специјализирана за вина, а околу 190 евра му даде на фотографот за неговата јакна со ликот на реге ѕвездата Боб Марли.
Малата богаташка исто така требала да пее во еден од московските ноќни клубови, но на крај сепак завршила само како ди-џеј.
(Д.Т)
|