Стил / (Wo) man
Италијански Vogue само со црнкињи
Италијанското издание на „Vogue“, кое дури и Наоми Кембел го критикуваше дека ги фаворизира белите модели, за првпат ќе издаде број кој целосно ќе биде посветен на црните манекенки и тоа со тема „ „Black is Beautiful”.
Едиторијалот за овој број го направил фотографот Стивен Мејзел. Со ова модниот магазин ќе се обиде модната индустрија да ја поттикне почесто да ги ангажираат црните убавици.
Пред неколку години Наоми Кембел се побуни поради уредувачката политика на повеќе модни магазини, кои не им доделуваа насловни страни на манекенките и манекените со темен тен.
Во досегашните кампањи за сезоната пролет 2008 година ангажирани се само три црни модели – Ајум Насениана за „Vivien Westwood“ и „ Chanel“, Иман за „Gap“ и Наоми за „Lui Veton“. На насловната страница сепак нема да се најде најгламурозната бунтовничка Наоми Кембел, туку нејзината наследичка Џордан Дан.
(Д.Т)
|