Стил / (Wo) man
Етерични масла за нега на кожа

Вискоконцентрираните билни екстракти содржат хормони, витамини, антибиотици и антисептици кои на вашето лице ќе му подарат младешки изглед. Природните етерични масла се најдобри препарати за нега на лицето, покажаа лабораториските истражувања, иако често се заобиколуваат кај примената на козметичките препарати бидејќи се „претешки“ за кожата затоа што таа тешко ги впива. Сепак вискоконцентрираните екстракти содржат хормони, витамини, антибиотици и антисептици, најдобар начин да се нахрани кожата и да се забави стареењето. Етеричните масла се нанесуваа измешани со базни масла (бадемово, јојоба или некои други масни масла). Се препорачува на 10 милилитри базно масло да се додадат две до три капки етерично. Единствено маслото од лаванда и чајно дрво може во особено мали количини да се нанесува директно на кожата. Пред да започнете со употреба на овие масла, се препорачува да направите тест кој ќе ви покаже колку ви е осетлива кожата. Мешавината нанесете ја на внатрешната страна на надлактицата, прикријте ја со фластер и држете ја 12 часа. Ако забележите иритација, обидете се со некоја друга комбинација и задолжително посоветувајте се со ароматерапевт. 
Некои видови, на пример маслото на мароканското стеблото арган, лечи разни проблеми на кожата, од дерматитис до акни. Некои се толку скапоцени, како на пример маслото од јасмин за кое за само еден грам потребно е да се соберат 8.000 цвета. Чајното дрво и лимонот ја чистат кожата од акни. Во базно бадемово масло или од јојоба додајте три капки масло од цитрон, лимон, рузмарин, пачули и чајно дрво. За сува кожа на лицето се препорачува масло од камилица, гераниум, лаванда, пачули, садналовина и јиланг-јиланг. Маслата од аргум и магдонос го враќаат младешкиот изглед. За сјајна коса измешајте шест капки масло од јиланг-јиланг, капсула масло од јаглика и борово масло. Два до три пати недело ставете на коса и со него масирајте го темето. Доколку имате сува кожа на рацете, во 200 грама базично масло ставете 10 капки пачули, 20 капки сандалово масло и пет капки масло од морков. Исто така не се препорачува подолго време да се користи едно исто масло. Рокот на траење на шишенцата не е подолг од две години.
|