понеделник, 19.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Стил / (Wo) man

Мажите поневерни од жените

Без разлика на годините минати во врска или брак и на тоа дали имаат деца или не, 44 отсто од мажите и 36 отсто од жените го изневеруваат партнерот, тврди социологот Џенет Левер од калифорнискиот универзитет.

Според истражувањето спроведено на 70.000 испитаници, мажите ги изневеруваат жените зошто сакат повеќе секс, а пак жените поради недостиг на внимание. Само една од пет жени ќе направи прељуба поради лош сексуален живот.

„Иако постојат воочливи симптоми на прељуба, како на пример избегнување на секс и емоционална оддалеченост, сопружниците и партнерите не ни помислуваат дека партнерот ги изневерува“, вели Левер.

Од друга страна, две третини од оние кои вршат прељуба не жалат за тоа што го направиле, а 12 отсто од мажите и 13 отсто од жените изјавиле дека им е мило што го изневериле партнерот, а само шест отсто од прељубниците го признале неверството. Жените имаат тенденција на еднократна прељуба, додека мажите на „сериска“.

„Мажите се склони кон кратки вонбрачни „излети„ и притоа не ни помислуваат да ја остават партнерката“, вели Сандра Либлум, директорка на Центарот за сексуално здравје „Роберт Вуд“, која како причини за прељуба ја наведува потребата на посилниот пол за нови возбудливи сексуални искуства.

За повеќето прељубници неверството претставува авантура, вели Левер. „Сериските“ прељубници се склони на кратки излети и тоа го прават за да ја задоволат својата сексуална љубопитност. Кога страста ќе исчезне, преминуваат на следната „жртва“.

„Најкритичен период е од третата до шестата година на врската. Тогаш мажите се чувствуваат сексуално заситени од партнерката, а жените се чувствуваат емоционално запоставени. Во тој период партнерот го доживуваат како пријател, а помалку како љубовник. За да го избегнете најлошото никако не смеете да ја запоставите сексуалната компонента на врската“, вели Левер.

(Д.Т)




Наjновo од Стил
Време е за промена на фризурата
Вратете си ја енергијата и расположението
Audi TT Clubsport
Брчки после диета
Деветнаестгодишен Американец стана градоначалник
Како до секси очи
Jaguar XF AJ 21
Што крие Клаудија Шифер?
До бронзен тен без ризик
На диета во топ форма
Организирајте ја чантата за шминкање
Моногамноста не е дел од човековата природа
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи