Стил / (Wo) man
Новата муза на Chanel No. 5

Модната куќа Chanel ги потврди информациите дека 29-годишната француска актерка Одри Тоту ќе биде новото заштитно лице на најпознатиот парфем во светот „ Chanel No. 5“. Тоту, која доаѓа како замена на четириесетгодишната австралиска актерка Никол Кидман воедно ќе ја има и водечката улога во биографскиот филм за основачката на модната куќа, Коко Шанел. Ако за претходната рекламна кампања, Кидман повторно го оживеа „Мулен Руж“, овој пат Тоту ќе го врати „Фантастичниот свет на Амели Пулен“. Рекламата со Одри Тоту, која ќе ја снима режисерот на филмот „Амели“, Жан Пјер Жунет, премиерно ќе се прикаже во 2009 година. (Д.Т)
|