петок, 16.05.2008

  IDIVIDI Мени
Стил / (Wo) man

Глина за убавина и здравје

Благодетите на природата од памтивек се користат за козметички цели. Глината спаѓа во производи на природата кој и денеска има значајно место во третманите за разубавување на кожата, косата и телото.

Нејзината структура ја сочинува кристалната решетка, која ја складира енергијата и во одредени услови ја ослободува. Глината исто така има способност да врзе неколку пати поголема количина на влага од сопствената маса, па поради тоа е и идеална за детоксикација на организмот, без разлика дали се корист како маска или се пие изматена во чаша вода.

Црвена за поубав тен

Одлична е за отстранување и ублажување на црвенилата на кожата, како и против воспала на непцата. Потопете ја четкицата за заби во црвена глина во прав и нежно масирајте го непцето, а потоа исперете ја устата. Третманот на масажа би требало да трае три минути и да се прави наутро и навечер, седум дена во неделата.

На пушачите често им се случува тенот да им потемни и да добијат безживотна нијанса. Направете маса од црвена глина и вода и држете ја на лице пет минути. Ова правете го еднаш неделно. После еден месец тенот ќе си ја поврати својата природна боја, а сивилото на лицето целосно ќе исчезне.

Бела против масна кожа

Отсекогаш се користи за козметички цели. Првите пудри во основата имале токму бела глина. Таа дава мат тонови на масната кожа, а идеална е и за собирање на порите. Измешајте 10 лажички бела глина со 50 грама крупна морска сок и малку вода. Смесата нанесете ја на телото и истријте го со луфа-ракавица.

Зелена против потење

Идеална е за отстранување на себореја и првут, но и за спречување на потење. Во аптека или во продавница за здрава исхрана купете фино смелена зелена глина и користете ја наместо талк. Минералите кои ги содржи ќе ви ја направат кожата мека како свила и без црвени флеки, кои знаат да се појават во пролетниот и есенскиот период како алергиска реакција на промените во природата.

Сива за слабеење

Во повеќето козметички салони оваа глина се користи за чистење на мешана кожа, како и при третманите за слабеење. Доколку на лицето ви се појавила акна преку неа минете со раствор од глина, лимон и маслиново масло. Акната веднаш ќе се исуши и ќе исчезне.

За чистење на организмот

-Глината е идеална за чистење на организмот, елиминирање на наталожените токсини и за регенерирање на органите. Затоа лекарите препорачуваат четири пати годишно, во текот на промената на годишните времиња да направите природно чистење на организмот со раствор од глина и вода.

- Во пола литар вода ставите една лажица глина во прав
Во текот на првата недела наутро, на празен стомак- испијте ја глината без да ја промешате.
- Во текот на втората недела исто така наутро, на празен стомак испијте ја глинената вода која претходно со дрвена лажица сте ја промешале и сте ја оставиле да постои малку.
- Постапката повторете ја и третата недела, но овој пат водата со глина испијте ја веднаш откако ќе ја промешате со дрвената лажица.

После овој тринеделен третман, од вашиот организам ќе бидат елиминирани сите нечистотии и токсини, а имунитетот значително ќе ви зајакне, па така ќе бидете поотпорни на вируси и сезонски алергии и болести.

(Д.Т)




Наjновo од Стил
Како до секси очи
Jaguar XF AJ 21
Секси трикови
Што крие Клаудија Шифер?
До бронзен тен без ризик
На диета во топ форма
Организирајте ја чантата за шминкање
Моногамноста не е дел од човековата природа
Совршен напад
Се ожени дедото на Карла Бруни
Потрага по костим за капење
Фризура според главата
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи