Стил / (Wo) man
Тушот повторно е ин

Тушот е неодминлив оваа сезона. Тоа средство за шминкање, кое се нанесува лесно и брзо, на погледот му дава длабочина и ефикасност. Ви овозможува да си играте со тоновите и да го постигнете саканиот ефект, од едноставен до софистициран изглед.
Крупни очи
Линија на тушот која е благо поткренатата кон надвор прави окото да изгледа покрупно, а кожата околу него затегната. Совет: користите туш со особено тенка четкица со цел да можете прецизно да ја извлечете линија и за да ја задебелите, доколку подоцна одлучите така.
Припрема за „цртање“
Потпрете го лакотот на маса и ставите точки на самата горна трепка, почнете од внатрешноста кон надворешноста на окото. Кога ќе стигнете до крајот, последната точка исцртајте ја малку повисоко кон веѓите.
Исцртување на линијата
Не подигајте го лактот од маса, извлечете ја линијата користејќи ги исцртаните точки. Линијата извлекувајте ја во два дела. Прво од средината кон внатрешноста на окото, а потоа од центарот кон надворешниот агол. Извлекувајте ја линијата се додека не ја постигнете саканата дебелина.
Софистициран изглед

Вештачките трепки ќе ви помогнат да постигнете вамп изглед за вечерните прошетки. Ако изберете модел кој изгледа природно, никој нема да го забележи вашиот трик
Женствен изглед
Да живеат крупните очи! Благодарение на дебело исцртаната линија, окото изгледа посензуално. Но, само под еден услов: да имате убави очни капаци и кожата да не ви е со бори.
Сјај
Нанесете малку седефеста беж сенка на капакот, за да постигнете противтежа на потемниот туш.
(Д.Т)
|