понеделник, 19.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Стил / (Wo) man

Целулит - непријател бр. 1

Пред да се зафатите со борбата со целулитот потребно е добро да го запознаете еден од најголемите непријатели на убавината.

Целулитот е откриен во четириесеттите години на минатиот век, кога жените почнале да носат бикини, а борбата со овој естетски проблем трае веќе 70 години. И покрај неколку децениските истражувања, се уште не е откриен препарат кој може за секогаш да ја отстрани оваа напаст. До сега сте успевале да ја забрзате циркулацијата и согорувањето на мастите, да ја затегнете кожата, па така да ја намалите видливоста на целулитот. Со помош на соодветни препарати и третмани, и со соодветна исхрана и физичка активност можете да отстраните 80 отсто од целулитот.

Ласерска липосукција

Ласерската липосукција е зафат со кој се топи масното ткиво и целулитот под површината на кожата со помош на фотомеханичко делување на ласерскиот зрак. Ова е последен крик на технологијата во естетската хирургија. Ласерот истовремено го стимулира создавањето на колагенот и на еластинот, па после зафатот кожата изгледа мазна и нема брановити набори кои се видливи по стандардната липосукција. После зафатот две до три недели мора да носите стегач или хулахопки кои затегаат.

Сауна која лади

Криотерапијата е најнова метода која освен за отстранување на целулитот и на масните наслаги, се користи и за подмладување на кожата, за подобрување на расположението и за целокупното здравје на организмот. Терапијата се врши во криосауна, капсула во која се испушта гас, мешавина од азот и воздух, и тоа на особено ниска температура. Гасот го прекрива телото до пределот на рамената и благотворно делува на епидермот во кој се наоѓаат многубројни рецептори. Во зависност од тежината на телото и температурата на во сауната, можете да согорите 1.000 до 3.000 калории, а после 20 до 30 сеанси да изгубите до 10 килограми.

(Д.Т)




Наjновo од Стил
Време е за промена на фризурата
Вратете си ја енергијата и расположението
Audi TT Clubsport
Брчки после диета
Деветнаестгодишен Американец стана градоначалник
Како до секси очи
Jaguar XF AJ 21
Што крие Клаудија Шифер?
До бронзен тен без ризик
На диета во топ форма
Организирајте ја чантата за шминкање
Моногамноста не е дел од човековата природа
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи