петок, 16.05.2008

  IDIVIDI Мени
Стил / (Wo) man

Како до секси очи

Професионалното шминкање на очи е полесно отколку што мислите.
Изгледот кој ќе го добиете на крај може да оди во граници на суптилното или драматичното.

Предлозите кои се наоѓаат подолу ќе ви покажат како да направите темна сенка околу очите, но ако темната боја не е вашата опција, тогаш слободно користете шминка со посветла нијанса. Запомнете, се зависи од тенот на вашето лице и бојата на вашата коса. Ако не сте сигурни која е вашата боја, не се плашете да експериментирате.

За моќна, секси шминка на очите потребно ви е:

-Црн молив за очи (осигурајте се дека е остро)
-Четкичка за размачкување на моливот за очи
-Четкичка за нанесување на сенката за очи
-Темна сенка за очи
-Светкава сенка за под веѓата
(избегнувајте премногу светкави сенки)
-Моливче за веѓи (боја според ваше мислење)
-Виткач за трепки
-Црна маскара
(бренд по ваш избор)

Постапката е следна:

  1. Поставете ја основата, маската, пудрата;
  2. Употребувајќи го црното моливче за очи, повлечете мека линија покрај крајот на очните капаци;
  3. Нанесете сенка, со четката за размачкување на сенка, над нацртаната линија со моливчето за очи (осигурајте се дека краевите на шминката се поклопуват);
  4. Потоа, земете ја четкичката за размачкување на моливот на очи и размачкајте што може поблиску до очниот капак (само на горниот очен капак). Гледајте линијата  да биде што може потесна и тоа најтесна кај краевите и поширока во средината на очите;
  5. Додадете уште еден слој на сенка за очи со четкичката, со цел да се омекнат острите краеви;
  6. Нежно земете дел од намачканата сенка над трепките и префрлете ја кон најдлабоката дупка над окото (под веѓата). Потоа додадете светкава сенка за очи во бела или крем боја под крајниот надворешен дел на веѓата;
  7. Употребете го моливчето за цртање на веѓи за да го појачате завршетокот на веѓите;
  8. Извиткајте ги трепките со виткачот и нанесете тенок слој на маскара. Четкајте ги трепките нагоре но да не дозволите да ви се преклопуваат.

Ако ги направивте сите чекори по ред, тогаш, секси очите се наоѓаат на вас.

(Б.Т)




Наjновo од Стил
Како до секси очи
Jaguar XF AJ 21
Секси трикови
Што крие Клаудија Шифер?
До бронзен тен без ризик
На диета во топ форма
Организирајте ја чантата за шминкање
Моногамноста не е дел од човековата природа
Совршен напад
Се ожени дедото на Карла Бруни
Потрага по костим за капење
Фризура според главата
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи