среда, 14.05.2008

  IDIVIDI Мени
Стил / (Wo) man

Алое вера растението на крал Соломон

Благодарение на своите смирувачки и ублажувачки својства алое верата најмногу се користи како основна состојка на многу производи за зачувување на здравјето, убавината, негата на косата и кожата.

Алое вера е една од најстарите и најлековитите растенија. Откриена е во Египет, а ја одгледувал и кралот Соломон. Се споменува кај античките лекари, но и во Библијата.

Поради своите лековите својства ова растение во некои древни култури попримило и божествен статус. Направени се разни митови и легенди, а се воделе и војни за подрачјата каде вирее алое вера. Од Африка бргу се проширува и на другите континенти, а језуитите кои ги следеле шпанските освојувачи, во 15 век ја пренеле и во Америка.

Иако постојан над 200 вида, само четири од нив имаат лековито свосјтво, Aloe ferro, Aloe saponaria, Aloe arborenses и Aloe perrvi.

Алое вера е полупустинско растение од семејството на лилјани. Има едноставна биохемиска структура и единствен начин на спојување на витамините (A, C, E, B1, B2, B3, B6 и B12), минерали (калциум, фосфор, калиум, натриум, железо, хром, бакар, цинк и селен), ензими (пероксидаза, амилаза, каталаза, липаза, целулаза, карбоксипептидаза и алкална фосфатаза) и аминио киселина.

Обезбедува осумнаесет од можните 22 аминокиселини кои му се неопходно на човековиот организам, а меѓу нив се и осум есенцијални, кои нашиот организам не ги произведува, туку мора да ги внесува од надвор.

Позитивно влијае врз биохемиските процеси во човечкиот организам и доведува до природна рамнотежа. Го зајакнува имунитетот, подмладува, го спречува згрутчувањето на крвта, помага при алергии, ја зголемува енергијата... Благодарение на своите смирувачки и ублажуваки својства се користи во медицината и козметичката индустрија. Освен тоа помага при одвикнување од пушење, алкохол и опојни дроги. Исто така, придонесува за заздравување на изгореници, лишаи и псоријаза, а уништува и вируси, бактерии, габи и паразити.

(Д.Т)




Наjновo од Стил
Потрага по костим за капење
Кола-авион веќе е реалност
Ич или брич?
Фризура според главата
Алое вера растението на крал Соломон
Целулит - непријател бр. 1
Сала за вежбање само за муслиманки
Страв од емотивно врзување
Стрии - женски кошмар
Тушот повторно е ин
Новата муза на Chanel No. 5
Глина за убавина и здравје
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи