понеделник, 19.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Стил / (Wo) man

Фризура според главата

Женската фризура го надополнува лицето и изгледот. Иако вие не зборувате многу за фризурата, таа многу зборува за вас.
Затоа од исклучителна важност за жената е да се грижи за својата коса, да ја негува, да ја одржува чиста со цел да и остане мека и витка.

Многу жени ја кратат и стилизираат косата за да го подобрат изгледот. Некој ја менуваат бојата, други должината, трети стилот, но сите со иста цел. За жал, не може секоја фризура да биде носена од секоја жена. Реално може, но жената нема да изгледа убаво како што би изгледала со фризура која и одговара само нејзе.

Поради големиот број на различни фризури, и различни форми на лицето, може да се направи нивна класификација според тоа која фризура изгледа убаво на која форма на лице.

Овално лице. Овалното лице е перфектно лице. Скоро секоја фризура може да прилега, било тоа да биде кратка или долга, рамна или виткана.

Ако имате овално лице, би ви препорачале малку виткана фризура во пределот на брадата или јаболчниците, со цел да привлечете внимание кон нив. Исто така, избегнувајте стилизирање на косата преку додавање на волумен на врвот на главата, бидејќи ќе ви го направи лицето подолго.

Издолжено лице. Ако имате издолжено лице, треба да создадете илузија на ширина која ќе ја избалансира должината. Ширината можете да ја направите преку кратење на фризурата до вратот, или преку остри  врвови кон брадата и долга коса наназад. Можете да се обидете и со кадрици или брановидна фризура.

Доколку имате вакво лице, одбегнувајте големи должини на фризурата или екстремни кратења на косата. Ваквите екстремни стилови само ќе ви ја изразат издолжената форма на лицето.

Округло лице. Ако луѓето со издолжено лице треба да направат илузија за ширина, луѓето со округло лице треба да одземат дел од таа ширина и да додадат должина. За оваа цел можете да ги скратите страничните делови на косата кои може да ги направите во форма на проретчени шпицови.

Немојте да ја шишате косата со една должина или пак да ја направите кратка, бидејќи ќе ги потенцирате заоблените линии на лицето.

Коцкасто лице. Коцкастото лице подразбира поседување на аглеста вилица. Фризерскиот трик во оваа ситуација е да се отргне вниманието од вилицата. Ова се прави преку правење текстура на косата. Кратките кадрици го решаваат проблемот како и долгите и големите бранувања на фризурата под вилицата.

Избегнувајте шишање на косата со една должина и избегнувајте скалеста фризура.

Срцевидно лице. Кај ваквиот тип на лице, тесната брада го привлекува вниманието и го намалува ефектот на очите.
Ако имате срцевидно лице, тогаш потрудете се да направите фризура со остри шпицови кои ќе завршуваат под очите, странична шишка над веѓата или брановидна фризура до нивото на јаболкниците.

(Б.Т)




Наjновo од Стил
Време е за промена на фризурата
Вратете си ја енергијата и расположението
Audi TT Clubsport
Брчки после диета
Деветнаестгодишен Американец стана градоначалник
Како до секси очи
Jaguar XF AJ 21
Што крие Клаудија Шифер?
До бронзен тен без ризик
На диета во топ форма
Организирајте ја чантата за шминкање
Моногамноста не е дел од човековата природа
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи