Стил / (Wo) man
Совршен напад
Ако сакате да му покажете на вашиот нов партнер дека сте подготвени за интимност, ви нудиме неколку совети ...
1. Поканете го партнерот во ...
Понудете му нешто за пиење или поканете го да ја види вашата нова компјутерска игра.
2. Допрете го
Допирање на неговата рака со вашата, е полесно, но допирање на неговата рака со вашите гради е многу подобро.

3. Гледајте го со поглед на разбирање и одобрување
Насмевнувајте се на неговите шеги. Гледајте го право во очите. Одговарајте позитивно на она што го зборува. Мажите сето ова го сметаат за многу охрабрувачки.
4. Молчењето е злато
Мажите најчесто замолчуваат пред да ве бакнат. Затоа не уништувајте го ваквиот момент.
5. Поставете му провокативно прашање
„Која е твојата најскокотлива точка на телото?“
6. Разговарајте за безбеден секс
Зборување за сексот може да создаде чувство на срамежливост, но најдобро е да се договорите за безбедност од сексот пред да се разголите. Многу е полесно да го прашате каков е неговиот став за кондомите низ секојдневен разговор, отколку во кревет.
7. Разговарајте за сексот надвор од спалната соба
„Се што ве возбудува и што ви пречи најдобро е да му кажете во текот на вечера со чаша вино, наместо да го критикувате во текот на сексуалниот чин.

8. Прашувајте нежно
Чувствата најлесно се повредуваат кога станува збор за сексот. Подобро кажете му нежно што ве возбудува при водење на љубов, отколку да му наредувате.
9. Не барајте премногу
Ако го бомбардирате партнерот со многу предлози, може да се почувствува сексуално некомпетентен. Наспроти тоа, охрабрете го.
Колку повеќе му упатувате комплименти, толку повеќе ќе му ја кренете возбудата и сексуалната способност. Седете блиску и наизменично допирајте се.
10. Изградете ја неговата самодоверба
Кога ќе го добиете она што го сакате во креветот, кажете му. Психолозите потврдуваат дека кога одредено однесување се наградува, се случува многу почесто. Наградете го кога ќе направи нешто исправно. Кажете му што ве возбудува.
11. Преземете одговорност
Користете „јас“, наместо „ти“. Постои огромна разлика меѓу „Јас сакам да си пожесток со мене“, наместо „ Ти не си доволно агресивен“.
12.Покажете му
Запомнете: Делата кажуваат повеќе од зборовите.
(M.Ж)
|