Стил / (Wo) man
Потрага по костим за капење

Со почетокот на потрагата за нов костим за капење, започнува и женската „драма“. Повеќето од жените се самокритични кога ќе се погледнат во огледало, а проблемот најчесто е во тоа што не го одбрале адекватниот модел. Фокусирајте се на тоа да го изберете костимот кој ќе ја разубави вашата фигура.
Секако пред да го пробате костимот, ќе ја соблечете сета облеката ( освен гаќичките, но тоа веројатно не треба да се спомнува). Погледајте се добро и напред и одзади. Подобро е да купите еден број поголем, отколку подоцна да видите дека ткаенината ви се врежува во кожата.
Треба да можете да го протнете палецот под прерамката на горниот дел. Доколку меѓу прстот и прерамката има многу простор, потребен ви е помал број. Доколку прерамката се врежува во кожата или не можете лесно да го протнете прстот, тогаш потребен ви е еден број костим за капење.
Доколку одзади ве сече, тогаш ви е потребен или поголем или друг модел. Запомнете дека костимот за капење, како и секоја друга облека се обликува на стандардна фигура (кукла), затоа не преувеличувајте ги своите мани. Некои модели едноставно не се за вашата градба.
Проверете како се чувствувате во костимот за капење, дали ви е доволно удобен, дали во него можете слободно да седнете, да станете, да се движите, да се протегате, а притоа ништо да не ви испаѓа.
Доколку имате долго тело, изберете хоризонтални шари кои визуелно го скратуваат вертикалниот профил.
Доколку имате големи гради, изберете позатворен горен дел, со широки прерамки и високи корпи. Исто така, бикинито на врзување одлично изгледа на големи гради.
За да визуелно ги зголемите градите, изберете модели со „push up“ корпи. Акцентот на костимот за капење треба да биде на горниот дел, по можност со V израз.
(Д.Т)
|