понеделник, 19.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Стил / (Wo) man

Моногамноста не е дел од човековата природа

Љубовната невера е една од најчестите опсесии на човековото суштество. Тоа не ужасува, но сепак сакаме да слушаме за тоа. Некои од нас не можат да одолеат, а да не пробаат од забранетото овошје. Тоа што 14 години се случува во шоуто на Џери Спрингер, во античка Грција се случувало уште пред 3.000 години.

Секоја приказна, без разлика дали е легенда или секојдневие, не потсетува на емоционалните и социјалните падови кои сме ги имале во врските кои не биле „според протоколот“. И религијата забранува љубов надвор од бракот. Па зошто тогаш е тешко да се издржи моногамноста?

Можеби затоа што за луѓето моногамијата не е природна состојба, а природата ни дала предиспозиции да уживаме во секс со неколку партнери. За тоа говорат и зоологот Дејвид Бараш и психијатарката Џудит Липтон во кината „The myth of monogamy: Fidelity and Infidelity in Animals and People“. Според нив, виртуелно сите животни ни одблизу не се спремни да бидат моногамни цел живот.

„Единственото животно кое успеавме да го идентификуваме како потполно и фаталистички и моногамно е тенијата која живее во цревата на рибите“, вели Липтон, додавајќи дека откако ќе се спојат во цревата на рибата, тие никогаш повеќе не се раздвојуваат.

Останатите животни, вклучувајќи ги и луѓето се мотивирани од инстинктот да создадат потомство и затоа го избираат најдобриот кандидат кој може да го најдат, но „на страна“ се обидуваат и со останатите подеднакво добри кандидати. Дури и птиците кои се смета дека им се верни на своите партнери, се неверни. ДНК анализите покажале дека потомството честопати не потекнува од ист мажјак.

Слична е ситуацијата и со луѓето. Литон контактирала со една канадска болница каде се прават тестови за татковство со цел да се утврди ризикот од наследни болести. Во десетина отсто од случаите се случува таткото на детето да не е биолошки татко.

Липтон и Бараш со своето истражување, секако дека не сакаат да докажат дека неверството е добра работа, туку оти за верноста треба да се потрудите, за што и самите се доказ со оглед на тоа дека нивниот заеднички брак трае 28 години.

Луѓето кои ја одржуваат моногамијата се особено стабилни бидејќи знаат да се држат до ветеното. Истовремено психијатарите, неверните луѓе ги нарекуваат „трагачи“, лица кои имаат нарцистичко пореметување на личноста бидејќи постојано чезнат и бараат внимание и приврзаност, нешто што самите не можат да го возвратат.

Во новата врска се чувствуваат посебно, нешто што одамна не го почувствувале во врската во која се веќе подолго време. Ова најчесто се случува во кризниот средовечен период, иако тоа чувство не мора да биде главната причина.

Според статистичките податоци, половина од мажените жени се неверни, а 70 отсто од мажите се одлучиле да го пробаат новото „јадење“. Интересен е податокот дека мажите колку што повеќе стареат, толку се повеќе изневеруваат.

Истражувањето на научниците Кетлин Волш и Џонатан Шулер покажало дека луѓето кои не веруваат во својата судбина повеќе се склони кон прељуба. Иако оваа студија, која е објавена во магазинот „Psychological Science“, говори дека навистина постои слобода на избор, исто така покрева некои битни социјални прашања за уверувањето и однесувањето на индивидуите.

(Д.Т)




Наjновo од Стил
Време е за промена на фризурата
Вратете си ја енергијата и расположението
Audi TT Clubsport
Брчки после диета
Деветнаестгодишен Американец стана градоначалник
Како до секси очи
Jaguar XF AJ 21
Што крие Клаудија Шифер?
До бронзен тен без ризик
На диета во топ форма
Организирајте ја чантата за шминкање
Моногамноста не е дел од човековата природа
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи