петок, 16.05.2008

  IDIVIDI Мени
Стил / (Wo) man

До бронзен тен без ризик

На првите знаци на сонцето и на топлото време, речиси и да не постои лице кое не сака да има убав, здрав и потемнет тен. Бидејќи општопознато е дека е нездраво да се „печеш“ на сонце, за солариумите и да не зборуваме, изгледа дека најдобро до потемен ден да дојдете со помош на  „шишенце или туба“.

Сепак не радувајте се прерано. Секоја убавина има своја цена, па и кон оваа вештина треба да пристапите со посебно внимание, за да не станете сопственик на портокалови флеки, дланки, колена и лакти.

Состав на кремите за самопотемнување

Секој производ за потемнување содржи DHA (dihydroxyacetone), кој влијае на надворешниот, мртов слој на кожата. Затоа од тие причини е неопходно пред самопотемнувањето да направите темелен пилинг. DHA пред речиси 40 години е додаден на листата на одобрени козметички средства и потполно е сигурен за употреба. Тоа сепак не значи дека трудниците треба да го користат без да се консултираат со лекар за употребата на „домашното црнеење“.

Надмудрете ги непријатните мириси

Не секој производ за самопотемнување има непријатен мирис. Овој мирис потекнува од реакцијата на DHA со кожата. Конкретно, колку препаратот содржи поголема количина на DHA, толку тенот ќе ви биде потемен, но ќе ве следи и непријатниот мирис. Затоа изберете ги оние со дополнителен мирис. Финалната боја зависи од pH балансот на вашата кожа. Тоа што на вашата пријателка и одговара еден производ, не значи дека ќе ви одговара и вам. Ако вашата кожа не е „кисела“, бојата ќе влече накај портокалово. Стабилизирајте ја кожата со производите за туширање кои ја неутрализираат pH вредноста на кожата.

Совршена боја во 13 чекора

- направите темелен пилинг на кожата за да ги отстраните изумрените клетки, тоа на кожата ќе и овозможи рамномерно да го впие средството кое го користите, без притоа да ви се направат флеки.

- Намачкајте се со хидратантен лосион или млеко за тело за да може и средството за потемнување да може да се впие подобро.

- Не мачкајте се пред потемнувањето, туку после туширање и пилинг, што би требало да биде неколку часа пред самопотемнувањето.

- Пред самопотемнувањето нанесете некоја многу мрсна крема на линијата на косата, веѓите и заноктиците.

- Бирајте производи за благо и постепено потемнување – не тежнејте за чоколаден тен.

- На дланките и на стапалата нанесете само креми за благо потемнување или измешајте ги со хидратантна крема во сооднос 1:9, во корист на кремата.

- Ако користете појака крема за потемнување, користете ракавици.

- За потешко достапните делови на телото најдобро е да користите спреј.

- Рацете темелно измијте ги по мачкањето, посебно делот меѓу прстите и заноктиците.

- Не се депилирајте  еден ден пред или после самопотемнувањето.

- Производите со AHA киселини и ретинол влијаат на бојата, па не ги нанесувајте истиот ден кога ќе ја нанесете кремата за самопотемнување.

- На потемнувањето посветете ми најмалку половина час.

- Почекајте кожата да го впие средството за потемнување, па потоа облечете се.

(Д.Т)




Наjновo од Стил
Како до секси очи
Jaguar XF AJ 21
Секси трикови
Што крие Клаудија Шифер?
До бронзен тен без ризик
На диета во топ форма
Организирајте ја чантата за шминкање
Моногамноста не е дел од човековата природа
Совршен напад
Се ожени дедото на Карла Бруни
Потрага по костим за капење
Фризура според главата
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи