
|
 |
Стил / (Wo) man
Деветнаестгодишен Американец стана градоначалник
Деветнаесетгодишниот студент по политички науки, Џон Тајлер Хемонс е избран за градоначалник на градот Маскоџи во американската сојузна држава Оклахома.
Во борбата за градоначалникото место, Хемонс, кој е студент на прва година на Универзитетот на Оклахома, го совлада својот 70-годишен противкандидат, освојувајќи 70 отсто од гласовите.
- Кампањата беше одлична. Беше забавно и ја добивме довербата на граѓаните, изјави Хамонс по победата, додавајќи дека во иднина би сакала да биде гувернер на Оклахома и претседател на САД.
Новиот градоначалник на Маскоџи својот двегодишен мандат ќе го започне во понеделник, кога официјално ќе ја преземе должноста од досегашниот прв човек на градот, кој не учествуваше на изборите.
Маскоџи има 70.000 жители.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|