Стил / (Wo) man
Вратете си ја енергијата и расположението

Седумдесет отсто од имунитетот се создава во цревата и тоа благодарение на 400 бактериски групи кои придонесуваат за одржување на здравјето на организмот. Здравото варење ја зајакнува снагата и го подобрува убавото расположение. Австрискиот професор Хадемар Банкхофер препорачува секој ден во менито да вметнете една до две чаши пробиотски јогурт. Доколку итно ви е потребна снага, медот е чудесно оружје, кои смирува и брзо создава нова енергија. Еднаш дневно јадете по една лажичка мед, вели виенскиот експерт. Ова секако не важи за дијабетичарите. Елан може да добиете и со масажа со етерични маса. Наутро после туширањето, сувите стапала измасирајте ги со масло од рузмарин, кое ќе ви ја поттикне циркулацијата. Остатокот од телото намачкајте го со кантарионово масло кои ги одржува зглобовите и мускулите во форма. Особено делотворна е и акупунктурата. Седнете, затворете ги очите и точно на коренот на носот, од двете страни ставите ги двата средни прста. Пет секунди благо притискајте, направите пауза и повторно неколку пати повторете ја масажата. Дали сте помислиле на масажа на здодевните работни состаноци? Сигурно да, но како би го направиле тоа, а да не бидете забележани? Со палецот и показалецот масирајте го работ на увото, движејќи се горе доле. Потоа со левата рака повторете го истото на левото уво. Веднаш ќе се почувствувате свежо и расположено. И уште една дефинитивно успешна метода за брзо враќање на расположението. Лапнете едно чили пиперче, вртете го со јазикот и благо грицкајте го, потоа веднаш извадете го од уста. Лутата супстанца капсаицин влијае на хормонот за среќа, ендорфин. (Д.Т)
|