понеделник, 19.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Стил / (Wo) man

Брчки после диета

Речиси и да не постоела жена која барем еднаш има држено диета, некои тоа го прават од естетски, некои од здравствени причини. Отстранувањето на вишокот килограми има добри последици по здравјето, но и по убавиот изглед на жените. Но, дури и кога диетите се спроведуваат по сите правила, можат да остават и негативни последици, како што се брчките.

Како диетата придонесува за настанување на брчките? Прво, за време на диетата не се губат само масните наслаги, туку и течности, а тоа доведува до олабавување на кожата. Затоа, доколку станува збор за губење на поголем број на килограми, кожата добива нова задача, да покрива помала површина од на телото, за разлика од претходно, поради што настанува „вишок на кожа“. Доколку диетата е сиромашна со белковини, тоа лошо се одразува врз затегнатоста на кожата. Сето тоа заедно доведува до настанување на брчки, најчесто на лицето и вратот, но некогаш и на други делови на телото (на пример разлабавена кожа на стомакот).

В ред, така настануваат брчките, но дали е можно да се спречи нивното настанување за време на диетата или барем да се ублажи? Можно е. Пред се, за време на диетата неопходно е да внесувате три литра течности дневно (не мора задолжително да е вода, може да се чаеви и супи, важно е течноста да е негазирана и не многу засладена). Потрудете се во вашата исхрана додека трае диетата да внесувате доволно протеини, а од голема помош ќе ви бидат и витаминските препарати, особено витамините од Б групата, како и витаминот А, Ц и Е ( најдобро би било претходно да се консултирате со нутриционист со цел да не внесете преголема количина на витамини, бидејќи тоа доведува до негативни последици).

Покрај внатрешната, потребна е и надворешната нега. Масажата помага, на пример масажата на лицето и вратот, како и на телото. Неопходно е секојдневно да користите препарати на база на еластин и колаген, се препорачува добро  со масажа да се помогне при нивното впивање во кожата. Со диетата најдобро е да спроведете и некоја програма на физички вежби (доколку имате здравствени проблеми, консултирајте се со лекар за соодветните вежби), бидејќи со тоа диетата ќе биде поефикасна, а кожата ќе остане затегната.

(Д.Т)




Наjновo од Стил
Време е за промена на фризурата
Вратете си ја енергијата и расположението
Audi TT Clubsport
Брчки после диета
Деветнаестгодишен Американец стана градоначалник
Како до секси очи
Jaguar XF AJ 21
Што крие Клаудија Шифер?
До бронзен тен без ризик
На диета во топ форма
Организирајте ја чантата за шминкање
Моногамноста не е дел од човековата природа
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи