понеделник, 19.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Стил / (Wo) man

Време е за промена на фризурата

Кога е вистинското време да ја смените фризурата? Покрај вообичаените изговори, потребна ми е промена во животот, ќе започнам со косата, еве неколку значи кои укажуваат дека треба да ја смените фризурата.

1. знак: Сте го промениле стилот на облекување, но не и фризурата

Промената на стилот на облекување е совршен изговор за промена на фризурата. На тој начин ќе добиете комплетен изглед. На пример, ако неодамна сте ослабеле и сте почнале да носите потесна гардероба, не би било лошо да изберете фризура која ќе ви го истакне вашето лице.

2. знак: Косата постојано ви е собрана

Кога веќе не знаете што да направите со косата најлесно е да земете гумичка за коса и да ја соберете. Но, тоа не е решение, туку знак дека ви е потребна нова фризура!

3. знак: Вашата коса нема волумен

На врвот на главата, косата ви е сплесната, од страна во стрчи и не можете да ја обликувате како што сакате. Доколку косата ви е спуштена и по обидот да ја обликувате со фен, виклери или четка, треба барем да ја скратите.

4. знак: Бојата на прамените премногу отскокнуваат од вашата природна боја на коса

Ова е знак дека имате премногу прамени. Тој проблем можете лесно да го решите, воздржувајќи се од ставање на нови прамени во следните 3 месеци. Доколку се плашите дека подникнатото лошо ќе изгледа, старите прамени покријте ги со боја.

5. знак: Сува коса

Понекогаш единствен начин за решавање на проблемот со сува коса е потстрижувањето. Покрај тоа, дајте и на косата дополнителен извор на сјај, ставајќи соодветна крема која ќе ја направи вашето влакно да биде помеко и помалку склоно на пукање.

6. знак: Веќе подолго време не сте добиле комплимент за фризурата

Не паметите кога последен пат некој ви ја пофалил фризурата? Време е да се запрашате кога последен сте ја промениле фризурата.

7. знак: Бојата на косата и на кожата се поклопува

Доколку боите на кожата и на косата станале премногу слични, би било добро со малку боја да дадете нова димензија на вашиот изглед.

8. знак: Пријателите од средно училиште ве уверуваат дека воопшто не сте се промениле

Мислите дека ова е комплимент? Размислете уште еднаш. Веројатно ви треба нова фризура! Променете го имиџот со нова фризура. Земете магазини и барајте се додека не ја најдете онаа која најмногу ви се допаѓа или побарајте вашиот фризер да ви препорача нешто.

9. знак: Потребни ви се повеќе од 20 минути за да средите косата

Доколку ви е потребно повеќе време за да ја средите косата, фризурата очигледно не ви одговара. Со помош на вашиот фризер, проблемот ќе биде веднаш решен.

10. знак: Фризерот може да ве потстриже со затворени очи

Доколку не сте биле во салон, време е да побарате фризер кој ќе ве потстриже.

Доколку сакате ли да ја задржите моменталната фризура, може само малку да ги скратите врвовите и да си поиграте со текстурата или боите за коса.

(Д.Т)




Наjновo од Стил
Време е за промена на фризурата
Вратете си ја енергијата и расположението
Audi TT Clubsport
Брчки после диета
Деветнаестгодишен Американец стана градоначалник
Како до секси очи
Jaguar XF AJ 21
Што крие Клаудија Шифер?
До бронзен тен без ризик
На диета во топ форма
Организирајте ја чантата за шминкање
Моногамноста не е дел од човековата природа
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи