вторник, 27.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Стил / (Wo) man

Жените по 10 години се на диета

Секоја жена, во текот на животот 10 години е на диета, покажала последната анкетата спроведена во Велика Британија.

Просечната жена, два пати годишно е на диета, која трае околу 10 недели. Една од 10 испитанички изјавила дека 25 години од живото ги минала на диети.

Третина од испитаничките почнала со диети на 16 години, или нешто порано. Триесет и девет отсто изјавиле дека сакаат да ослабат бидејќи се смрамат од својот изглед.

Доктор Глен Вилсон од Институтот за психијатрија при Кралскиот колеџ во Лондон изјавил дека анкета е доказ за тоа колку жените размислуваат за својата тежина, но и за притисоците за одржување на линијата.

„Тежината на жените сигурно ќе се менува под влијание на настаните кои носат промени во животот, на пример раѓање дете или емоционални фактори поврзани со врските или промените во работната средина. Овие промени и јо-јо диетите честопати одат рака под рака“, вели др. Вилсон.

Доколку се чувствуваме здраво и во форма, тоа може да придонесе за општата благосостојба. Сепак, многу луѓе се мачат да постигнат и одржат идеална фигура. Дури шокантни 25 отсто од нив се спремни да легнат на хируршката маса за да се решат од вишокот килограми.

Истражувањето покажало дека над 41 отсто од жените имаат чувство дека вечно се на диета или дека мора да внимаваат што јадат.

Дури 44 отсто од испитаничките велат дека, без разлика што и да прават како воопшто да не слабеат, а 59 отсто сметаат дека никогаш нема да ја постигнат посакуваната фигура.

Според оваа студија, просечната жена сака да носи конфекциски број 40, а четвртина од жените сметаат дека 38 (и/или помалиот број) е идеален.

Интересно е што дури 77 отсто од нив изјавиле дека се за забрана на манипулација со фотографии на славни личности и манекенки, со цел да се намали притисокот врз нормалните жени.

Исто така, истражувањето покажало дека жените не се грижат само за својата тежина, 32 отсто од анкетираните изјавиле дека им е страв тие да не се одговорни за дебелината на своите деца.

Анкетата во која учествувале 4.000 жени ја организирала компанијата “LIPObind“, произведувач на природни препарати за слабеење.


Наjновo од Стил
Жените по 10 години се на диета
Сите видови на бакнежи
Депресија на работното место
Најбрзи концепти
На Интернет жените се полесни, мажите повисоки
Сексот во бројки
Самовилски уши
Убава, успешна, паметна, а сама
Терапевтско влијание на боите
Lacoste – нова визија за тенисот
И тато е труден?!
Мејкап трендови за пролет/лето 2008
Не сфаќајте ја убавината сериозно
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи