Стил / (Wo) man
Свадбата на Руни на луксузна јахта
Англискиот репрезентативец и ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни подготвува свадба која уште долго ќе се памети, и тешко дека некој во блиска иднина ќе успее да направи полуксузна свадба, пишуваат британските таблоиди.

Според неофицијални податоци, познатиот фудбалер планира да потроши околу пет милиони евра за свадбата која ќе трае цел ден и цела ноќ, а ќе се одржи на јахта вредна 50 милиони евра.
Венчавањето ќе се одржи во 16-вековниот дворец во Портфино, на италијанската ривиера, а за таа цел изнајмен е посебен авион со кој ќе се пренесат 50-те најблиски пријатели на Руни и на неговата свршеница и идна сопруга Колин.
На чинот на венчавање ќе присуствуваат само неговите најблиски пријатели, со исклучок на Кристијано Роналдо и Патрис Евра, кои во моментот настапуваат на ЕУРО 2008. Луксузната јахта има посебна соба за младенците, џакузи, златна бања, и посебно место за приватен хеликоптер.
„На јахтата има едно пијано, а Вејн се шегуваше дека ќе отсвири нешто за невестата“, вели изворот близок до младенците.
На полноќ ќе следи огномет, кој, според некои информации, чини 63 илјади евра. Се зборува дека на свадбата ќе свири познатиот ирски бенд Westlife, иако Руни, како што се тврди повеќе преферира хип-хоп музика.
По свадбата парот ќе замине на меден месец на некоја егзотична дестинација, која за сега останува целосна тајна.

Руни своите последни беќарски денови ги минува забавувајќи се лудо со своите пријатели на Ибица, каде според некој стар англиски обичај морал да носи „маникини“, нешто слично на танга за мажи.
Дваесет и двегодишниот Руни, кој неделно заработува околу 145 илјади евра воопшто не штедеше на своето друштво, во кој покрај неговите два браќа и татко му, се најде и неговиот иден баџа.
Уште минатата година Руни докажа дека воопшто не е стиснат со парите, кога искешира 250 илјади евра за дијамантскиот прстен, кој и ги поклони на својата свршеница за нејзиниот 21-ви роденден.
(Д.Т)
|