
|
 |
Стил / (Wo) man
Мажи кои сакат да ги тепаат сопругите
Во Шпанија наскоро ќе биде воведена специјална телефонска линија за мажите кои сакаат да извршат насилство врз своите сопруги. Идејата е на шпанската министерка за рамноправност меѓу половите Бибиана Аидо Алмагро.
- На жешката линија ќе може да се јават мажи кои се во искушение да ги нападнат своите сопруги, потенцираше министерката.
За шпанското правобранителство борбата против семејното насилство е еден од главните приоритети.
Според шпанските медиуми, човек кој се подготвува да ја нападне жената треба да има линија каде ќе може да се обрати и да му раскаже на операторот за својот гнев.
Испитувањата покажаа дека ризикот да бидат жртви на семејно насилство е шест пати поголем кај жените на имигрантите во Шпанија.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|