Стил / (Wo) man
Паметните жени со помали шанси за брак

Многупати сме чуле дека мажите се плашат од успешни жени, па многу високо образовани жени го кријат своето факултетско образование или пак деловните успеси.
Дека за ваквите тврдења навистина има место и оти се вистинити, покажало истражувањето на научниците од Аберден, Бристол Единбург и Глазгов. Тие дошле до заклучок дека шансите за мажење драстично се намалуваат со зголемувањето на интелигенцијата. На секои 16 IQ бодови, веројатноста жената да се омажи опаѓа за 40 отсто, додека кај мажите шансите растат со порастот на интелигенцијата.
Научниците не објасниле поради што паметните жени не се мажат, но нагласиле дека статистиката веројатно ќе се смени во следните години пред се поради развојот на генерацијата на „слаби“ мажи, кои не се способни врз себе да ги преземат животните одговорности, и дека сега „силните“ жени ќе треба да го барат својот маж во тој тип на припадници на посилниот пол.
(Д.Т)
|