четврток, 12.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Euro 2008
Стил / (Wo) man

Алгите во служба на убавината

Алгите помагаат при хидратација, детоксикација и во борбата против брчите и нечистата кожа.

Алгите се полни со витамини, минерали и други „драгоцености“ кои се добри за кожата, поради што козметичката индустрија во голема мера ги користи во своите производи.

За Сент Мало, гратче во Бретања, знаеле сите гурмани, таму,  велат е најголемата концентрација на ресторани чија специјалност се морските плодови. Но малкумина знаат дека Сент Мало е местото каде за првпат започнале да произведуваат козметика на база на морски алги и тоа уште во далечната 1971 година, кога е основана компанијата „Phytomer“.

Зошто баш алги? Бидејќи 80 отсто од биомасата на Земјата ја сочинуваат токму тие, бидејќи го произведуваат речиси целиот кислород кој се наоѓа во атмосферата, содржат есенцијални аминокиселини, природни витамини, минерали во органска форма, како и други материи кои се особено корисни за човекот. Во Сент Мало, каде разликата меѓу плимата и осеката е 18 метра, алгите развиле неверојатна способност да преживуваат „на суво“, односно во нив е зголемена количината на полифенолите, шеќерот и липидите.

Освен нив, од алгата luminaria digitata, успеале да изолираат феохидран кој се користи во козметичката линија на Phytomer за хидратација, „Hydrocontinue“. Дел од нивните линии ја користат оваа алга која е особено ефикасна во борбата против морските непријатели, бактерии и микроби, а ставена во кремите, делува антибактериски.

(Д.Т)




Наjновo од Стил
Принцот Чарлс плати долг од 1651 година
Алгите во служба на убавината
Мажи кои сакат да ги тепаат сопругите
Се оперирала за да стане мајка?
G-Power M6 Hurricane Кабрио
Најубавите жени се од Стокхолм
Гладијаторките ги освојуваат улиците
Покажување на моќ со доцнење
Атина Оназис го продава семејниот накит
Како до совршен градник?
Во мода се депилирани мажи
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи