Стил / (Wo) man
Првиот труден маж раскажува за својата бременост
Сликите во остатијата го покажуваат првиот бремен маж на светот и се направени 4 недели пред неговото породување.
Во ексклузивното интервју за магазинот “Вести за Светот“, таткото кој предходно го променил полот, Томас Бети и неговата жена раскажуваат за нивната огромна радост.
“Се чуствувам фантастично. Нестрпливо чекам да го видам лицето на моето дете“ - изјави тој.
Пред само 4 недели од породувањето на новиот член на фамилијата, среќниот пар најави дека планира да имаат и други бебиња.
Томас го промени својот пол пред 10 години, но ги остави матката и јајниците за да може да има деца во иднина.
“Сега сум во 36-тата недела и се чуствувам одлично. Секој ден со Ненси си зборуваме за тоа колку чекаме да се роди нашата ќерќичка и за тоа како ќе ја држиме за прв пат. Веќе најмивме помошничка за одгледување на бебето, а пелените веќе ги наредивме во собата. Дури и име избравме, кое и двајцата го сакаме, но нема да го кажеме се додека не се породам. Најдобро од се е што сите кои ги познаваме не поддржуваат и сакаат. Тоа ни е поттик да имаме и други бебиња“ – рече Томас.
Сликите од неговото минато ја документираат трансформацијата од Хавајската убавица Трејси Лагондино во Томас Бети.

Храбриот травестит предизвика контроверзии низ цел свет за неговата “обратна“ бременост која е единствен начин тој и Ненси да имаат деца.
“Кога ги видовме првите слики од бебето, на Ненси и мене не ни беше важно како ќе реагира цел свет. Да имам можност да го видам нејзиното лице, усни и тело е вредно за сите навреди кои ги добивме од целиот свет. Сонот за комплетна фамилија ќе ни се оствари за 4 недели.“ – додаде Томас во интервјуто.
Интересно е што првиот бремен маж е оплоден после вториот обид, со сперматозоиди добиени од донатор, а со помош на неговата жена преку шприц за животни кој го набавиле од ветеринарска клиника која се грижи за нивните папагали.
Вештачкото „само-оплодување“ е направено од причина што ниту една клиниката за оплодување не сакала да им ја изврши интервенцијата.
“Чекањето на дете не е ни машка ни женска работа. Тоа е човечка работа“.




(Б.Т)
|