Стил / (Wo) man
Геј свештеници се венчаа во црква

Во лондонската црква Свето Вартоломеј минатиот месец се венчаа хомосексуалните свештеници Питер Ковел и Дејвид Лорд.
Двата свештеника размениле брачни завети и бурми за време на традиционалната црковна церемонија, што досега не е било случај кога станува збор за хомосексуални парови, на кои свештениците досега им даваа само благослов.
Припадниците на Англиканската црква се поделени околу хомосексуалноста, а конзервативните припадници го осудија обредот и го окарактеризираат како богохулство.
„Ова венчавање на свештениците ги сруши сите црковни закони“, изјави портпаролот на Англиканската црква Лоу Хендерсон
„Sunday Telegraph“ на насловната страници ја објави веста за првиот црковен брак меѓу хомосексуални свештеници, што според весникот, дополнително ќе го зголеми јазот меѓу либералните и традиционални струи во Англиканската црква.

Свештениците Питер Ковел и Дејвид Лорд веќе со години се во врска, а пред еден месец, во присуство на 100-ина гости ја потврдија својата љубов.
„Водството се обиде да предупреди дека вакво нешто може да се случи, и ете се случи. Вистината е објавена. Ќе пропадне нашето почитување кон англиската црква доколку назад не се врати традиционалното учење“, вели бискупот од Уганда Хенри Оромби.
Во Англија се дозволени цркови бракови за хомосексуални парови.
(Д.Т)
|