Стил / (Wo) man
Спајс грлс се вратиjа на Форбсовата листа на моќници

По девет години пауза, британскиот женски бенд Спајс грлс успеа да се врати на Листата на најмоќни славни личности на познатиот магазин „Форбс“.
Нивното повторно обединување и неодамнешната турнеја е одговорно за преливот на средства на нивните банкарски сметки. Бендот се најде на 50-то место на познатата листа, која ги рангира познатите личности според влијанието кое го имале во текот на последните 12 месеци.
Сопругот на спајсицата Викторија, Дејвид Бекам скокна за 10 позиции на листата и годинава се најде на високото петто место, а тоа се должи пред се поради враќањето во тимот на Англија.

Кралицата на talk show-то, Опра Винфри и годинава останува неприкосновена на врвот на листата на магазинот, следена од голферот Тајгер Вудс, Анџелина Џоли и Бијонси Ноулс.
Авторката на најпознатите детски романи, посветени на Хари Потер, Ј.К. Роулинг се најде во топ 10 на листата, освојувајќи го деветтото место. Писателката минатата година беше на 48 позиција, но благодарение на заработените 300 милиони американски долари, кои воедно е најголемата заработена сума за тековната година што било кој од славните личности ја спечалил.

Групата Полис за првпат се најде на листата на Форбс и тоа на седмото место, благодарение на организираната светската турнеја.
Распоредот на листата не се врши само според тоа колку славните личности заработиле, туку и според тоа колку внимание добиле од медиумите и од јавноста.
(Д.Т)
|