
|
 |
Стил / (Wo) man
Ух, ме чеша кожата!!!
Главна причина за чешање на кожата? Недоволна влажност. Овој проблем особено се јавува во текот на зимскиот период, но кај некои лица овој проблем не е врзан со годишните времиња. Најдобро решение е што почесто да се мачкате. Друг голем проблем е сушењето на кожата, која честопати е последица на бањање со јак сапун и туширање со врела вода.
 Кога се туширате намалете ја температурата на водата и користете поблаги сапуни. Еден од „лековите“ за исушена кожа е пилинг со морски соли и маслиново масло. Направете пилинг, истуширајте се и со пешкир само делумно забришете ја кожата, оставете таа да биде влажна. Лосионот за тело намачкајте го на телото додека се уште е полувлажно. Најдобро е тоа да го направите во првите три минути откако сте излегле од кадата. Од препаратите кои особено се корисни за кожата е маслото од коко и шеа-путер. На особено сувата кожа ќе и помогне и кантарионовото масло – екстракт помешан со бебешко масло, или екстракт од жалфија, исто така помешан со бебешко масло за иритирана кожа.
Најголеми иритатори на кожата се парфемите и конзервансите кои се наоѓаат во купечките лосиони. Префрлете се на оние кои немаат мирис, или се на природна база. Сувата кожа може да биде и последица на недостиг на омега-3 масните киселини. Рибиното масло во капсули може да го голтне секој, дури и оној кој не го сака нивниот вкус. Алое верата исто така има благотворно дејство. Купувајте производи со висок процент на алео вера гел (до 90 отсто).

Лосионите кои се базирани на житарки позитивно делуваат при смирување на кожата, а доколку воспалението е во подлабоките слоеви, балсамите со масло од мента и камфор ќе помогне воспалата да се смири. И не чешајте се! Доколку не можете да издржите, ставете ракавица или намачкајте ги ноктите. Секако дека постојат и други причинители на проблемите со сува кожа, и не се козметички, туку медицински. Премногу или премалку железо, како и хипоактивна или хиперактивна тироидна жлезда, проблеми со бубрезите и кожни заболувања како што се псоријаза или егзема се причините поради кои вашата кожа треба да ја погледне дерматолог или барем општ лекар.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|