Првото „НЕ“ за Парис Хилтон?! Парис ги третира кученцата како акцесорис
Светската трендсетерка Парис Хилтон повторно ја разбранува јавност, но и организацијата за заштита на животните откако викендов непосредно пред почетокот на својата фотосесија се обидела да купи мало кученце само „за на сликите да изгледа послатко”.
Непосредно пред почетокот на фотографирањето, на разгалената богаташка и текнало дека со кученце в реке би изгледала подобро па тркнала до најблиската продавница за миленичиња. Хилтон фрлила око на малото кученце од расата Yorkie, кој во моментот очигледно и изгледал како најсоодветен моден детал за нејзината фотосесија.
Иако наследничката на империјата Хилтон е навикната да добива се што сака и кога ќе посака, овој пат остана со прстот во уста.
Персоналот на продавницата нон шалантно ја одби Хилтон со образложение дека животните не се моден додаток и оти не може кога ќе и текне да купи милениче само затоа што во моментот има конкретна потреба од него, а следниот момент да го фрли во својата грандиозна куќа како уште едно парченце облека.
Хилтон за момент се стаписала, а потоа почнала да ги убедува и да вреска дека таа ги сака сите своите кученца и оти во моментот МОРА да купи уште едно.
„Среќни сме што можеме да ве информираме дека ниту едно кученце не настрадано, ниту пак е продадено – барем не тој ден!“, соопшти гордиот персонал на продавницата.
|