Стил / (Wo) man
Бекам го сопре сообраќајот во Сан Франциско

„Златните топки“ на Дејвид Бекам ги возбудија жените ширум светот откако познатиот британски фудбалер повторно се појави во рекламната кампања за долна облека на „Emporio Armani“.

Секси фудбалерот предизвика метеж во сообраќајот откако огромните билборди на кои тој е во слип гаќички осамнаа на улиците на Сан Франциско.
Облечен само во тесните гаќички, ѕвездата на англискиот фудбал и на американскиот фудбалски тим „L.A. Galaxy“ гордо го прикажува својот „пакет“ додека вежба на плажите на Малибу.

Фотографии од новата кампања, која ја снимија модните фотографи Мерт Алас и Маркус Пиџот се појавија и на некои од зградите во самиот центар во Сан Франциско.

Очигледно по втората фотосесија, кога медиумите го исмејаа дека златните топки се издишале, Бекам овој пат решил да ја употреби и златната пумпа за пумпање - фотошопот
Не грижете се девојки, што не сте жител на Сан Франциско, бидејќи овие реклами ќе бидат поставени на билбордите во Њујорк, Лос Анџелес, Рим, Лондон, Милан, Париз, Токио, а кој знае можеби и по некоја грешка ќе осамнат и кај нас. До тогаш, уживајте во фотографиите кои ви ги нудиме.
(Д.Т)
|