
|
 |
Стил / (Wo) man
Менталната слика го диктира квалитетот на животот
Новите истражувања покажуваат дека тинејџерите кои мислат дека се дебели имаат полош живот од своите соврсници кои навистина имаат проблеми со вишокот килограми.
Истражувањето го спроведе германскиот институт Робрт Кох, а со него беа опфатени над 7.000 млади, на возраст од 11 до 17 години. Во студијата учествувале врвни психолози кои разговарале со тинејџерите за тоа на кој начин младите се доживуваат себе си.
Иако три четвртини од испитаниците имале нормална тежина, утврдено е дека 55 отсто од девојчињата и 36 отсто од момчињата се сметаат себе си за дебели. Истовремено, само 18 отсто од испитаниците навистина имале проблеми со прекумерната тежина, додека околу 8 отсто биле потхранети, односно крупни.

Студијата покажала дека квалитетот на животот на младите кои себе си се доживуваат како дебели е значително полош од оние кои немаат ваква претстава за себе. Иако квалитетот на животот на децата со прекумерна тежина бил полош од оние со нормална телесна тежина, утврдено е дека оние кои својата тежина не ја доживуваат како проблем се посреќни од децата со нормална телесна тежина кои сметаат дека се дебели.
Исто така е докажано силното влијание на психата и сликата за самиот себе врз квалитетот на животот. Доколку тинејџерот смета дека е дебел, неговиот квалитет на живот слабее, без разлика на неговата вистинска тежина. Ова правило посебно важи за девојките.
Исто така е утврдено дека во последните години нагло расте бројот на младите кои себе си се сметаат за дебели, а тоа не е поврзано со стапката на пораст на популацијата со прекумерна тежина. Психолозите предупредуваат дека ова е последица на притисокот, кој начесто доаѓа од медиумите, кои диктираат како секој треба да изгледа и колку треба да е слаб.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|