
|
 |
Стил / (Wo) man
|
|
Зошто лошите момчиња секогаш ги освојуваат девојките?
Лошите момчиња секогаш ги освојуваат девојките, барем ова е нешто што секое добро момче го има научено преку своите горчливи искуства.
Сега дури и научниците потврдија дека навистина се исплаќа да се поседуваат "опасни" особини како безчувствителност, самобендисаност и неискреност бидејќи таквите мажи се апсолутен хит кај девојките.

Опширните истражувања покажале дека жените низ целиот свет тешко можат да одолеат на типот мажи кои оддаваат впечаток на никаквец.
Тајната во таквиот изглед најверојатно лежи во трите карактерни особини кои се олицетворени во ликот на Џејмс Бонд.
Таканаречената "темна тријада " на карактеристики ги комбинира особините како опседнатост со нарцисизам, импулсивност, желбата за постојана потрага за забава и задоволства како и способноста за манипулирање.
Колку и да изгледа непривлечно, жените оваа комбинација најчесто ја изедначуваат со машкоста и способноста да се биде татко на здрави деца.
Научникот Питер Џонасон вели дека Џејмс Бонд е совршен пример за ловец на девојки со неговата сомнителна личност.
"Јасно е дека неговиот карактер е со лош нарав, екстровертен и во постојана потрага по нови работи – убива луѓе и заведува жени "– вели научникот за New Scientis.
Г-дин Џонасон од универзитетот New Mexico State во САД, анкетираше 200 студенти кои добија тест за личноста каде требаа да ги рангираат своите карактерни особини кои се вклопуваат со оние од "темната тријада. "

Тие исто така беа прашани за нивното однесување кога станува збор за сексуалните врски и општо за нивниот сексуален живот, вклучувајќи го и фактот за бројот на партнерите кои ги имале.
Резултатите покажале дека оние кои имале повисоки вредности на посочените особини, претендираат да имаат повеќе партнерки и имаат поголем интерес за краткорочни врски.
Второто истражување во САД на 35.000 испитаници од 57 држави покажало дека постои јасна поврзаност помеѓу карактеристиките од "темната тријада" кај мажите и успехот што тие го имаат кај жените.
Професорот Давид Шмит од универзитетот Bradley во Илиноис, вели:" Кратките врски за ваквиот тип на мажи се универзална појава во различните култури. Од нив може да се очекува да пријдат на девојка која е веќе во врска, само за да имаат предизвик кој ќе им овозможи возбудлива афера."
Истражувачите сметаат дека доколку ова стане вообичаена и многу честа појава, овие особини на мажите би станале крајно непривлечни за жените.
Исто така постои можност оваа стратегија за краткорочни афери да биде поуспешна доколку поретко би се среќавале вакви профили на мажи.
Во спротивно останатите мажи би станале повнимателни и заштитнички би се поставиле кон своите девојки.
Во секој случај, добрите момчиња не треба да ја губат надежта. Д-р Гејл Бревер, психолог на универзитетот од Central Lancashire, вели дека жените и покрај тоа што се привлечени од лошите момчиња кои им пружат неповторлива забава, обично на крај завршуваат со одговорни и грижливи мажи.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|