
|
 |
Стил / (Wo) man
|
|
Најсекси тенисери на Вимблдон
Доколку не сте голема љубителка на тенисот како спорт, можеби згодните тенисери ќе ве натераат да го гледате турнирот на Вимблдон. Сајтот handbag.com направи листа на топ 10 најзгодни тенисери во светот.
 Дваесет и шестгодишниот шпански тенисер Томи Робредо, 23-от носител на листата е прогласен за најзгодниот тенисер на Вимблдон. Во неговата убавина можеа да се уверат читателките на магазинот Космополитен, за кој спортистот позираше гол.
 Веднаш зад него се најде уште еден Шпанец, Фелисијано Лопез, најдобриот пријател на Рафаел Надал, додека третото место го зазедоа браќата Боб и Мајк Брајан, најдобрите дабл играчи во светот.
 Осмиот носител, Французот Ришар Гашка, се најде на четвртата позиција, додека американецот Енди Родик на петтата. Родик е познат по тоа што надвор од теренот особено посветува внимание на својот изглед, па не е ни чудно што на разните приеми секогаш се појавува елегантно облечен. По врската со поп ѕвездата Менди Мур, се сврши со моделот Бруклин Декер.
 Шпанците дефинитивно добро поминаа на овој избор, со оглед на фактот што на листата се најдоа уште двајца Шпанци, Фернандо Вердаско, кој исто така се сликаше гол за Космополитен, а веднаш зад него на листата, на седмото место се најде неговиот сонародник Рафаел Надал. Уредниците на магазинот се правдаат дека светскиот рекет број два заслужи да се најде на листата бидејќи е „особено згоден и има добро развиени мускули“.

Последните три места им припаднаа на американецот Џејмс Бјек, на српскиот тенисер и третиот најдобар тенисер во светот Новак Џоковиќ и на Французинот Пол Анри Метју.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|