Стил / (Wo) man
Кристијано Роналдо опседнат со „7“
Фудбалерот на Манчесетр јунајтед, Кристијано Роналдо е опседнат со бројот на неговиот дрес „седум“, исто како и неговиот претходник Дејвид Бекам.
 Роналдо неговите иницијали и бројот седум го има изгравирано на креденецот, на каучот, на навлаките за перничиња во спалната соба, како бројот седум го има и на неговата маса, но е дел и од неговиот накит.
 Нешто слично му се случуваше и на 33-годишниот Дејвид Бекам, кој бројот седум го имаше истетовирано на своето тело, направи и модна линија DB7 за познатата британска куќа „Marks & Spencer“, а според некои таблоиди дури и во супермаркетите секогаш купувал од седимиот производ на полицата и секогаш стоел седми во ред за плаќање.
 Фановите на Роналдо се исплашени дека оваа сличност со Бекам, може да доведе до повторување на историјата, односно 23-годишниот фудбалер да го копира Бекам и да го напушти Манчестер јунајтер за Реал Мадрид. Доколку се одлучи за замине за Реал, Роналдо ќе треба со легендата Раул да се бори за фамозниот број 7.
„Не мислам дека тоа е добар знак за фановите на Роналдо. Бекам исто така полуде по бројот и после потпиша договор со Мадрид“, вели еден од фановите португалскиот фудбалер.

Бројот седум во Манчестер јунајтед претходно го носеа Џорџ Бест, Ерик Кантона и Брајан Робсон.
Сличностите меѓу Бекам и Роналдо не завршуваат тука. Роналдо својот одмор го започна во луксузната португалска вила Vale do Lobo, која своевремено ја користеа и Бекамови. Португалскиот репрезентативец неодамна нарача два суперавтомобила, исти модели како што има неговиот претходник во тимот, Дејвид Бекам. Рондало потроши 150.000 фунти за сребрениот Bentley Continental GT Convertible, со црвен покрив., додека за црното Porsche 911 Turbo Cabriolet, за кое се верува дека е поклон за неговата девојка Нереида Галардо, даде 80.000 фунти.
Триесет и тригодишниот Бекам купи Bentley додека играше за Манчестер јунајтерд, а Porsche кога замина за САД. Ова е само уште еден доказ дека Роналдо се повеќе наликува на Бекам, кој исто така имаше фиксација за бројот „7“.
(Д.Т)
|