петок, 11.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Стил / (Wo) man

Арапите си го менуваат личниот опис

Мажите од Обединетите Арапски Емирати ги зафати нова мода. Исто како што ги менуваат костумите , автомобилите, жените, галеничињата, така сакаат да го сменат и својот личен опис. Поради новиот тренд, пластичната хирургија станува се попопуларна во овој дел на светот, а докторите со скалпели за „прекројување“ на тело се на се поголема цена.

Мажите се повеќе легнуваат на операциониот стол со цел да си ја зголемат самодовербата, да бидат подобро прифатени во општеството и од жените. Само во последните неколку години, мажите од седумте Емирати, колку што членки има во државната заедница, посебно од најбогата членка Дубаи во последните три години потрошиле од 14 до 19 милиони евра за разни типови на корекции на сопственото тело.

Според ангажираните доктори, најчести зафати се пресадување на коса, затегнување на очните капаци, пеглање на подочниците, обликување на ушите, исправување на грбавите носови, липосукција, па се до зголемување на фалусот и вградување на вештачки помагала за нормална ерекција. Многумина од мажите кои бараат промена на ликот бараат нивното ново лице да изгледа како некој од славните личности. Најценети се машките ликови од светот на филмот и спортот.

Идните мачо мажи се спремни да потрошат еден куп пари само за да имаат глава како Џорџ Клуни, Бред Пит или Дејвид Бекам, па дури и по цена после хируршката „интервенција“ ни сопствената мајка да не ги препознае.

„Мажите доаѓаат со идејата дека можам да им го сменам животот“, вели доктор Луиз Толедо, еден од најбараните пластични хирурзи во Дубаи.

Според зборовите на Толедо, одличните пациенти очекуваат чуда од своите лекари, и едноставно не разбираат дека операцијата ќе им го смени изгледот, но не и животот.

„Едно младо момче со рамен стомак и црни мустаќи бараше да стане двојник на Бред Пит. Дојде во болницата носејќи фотографија од мажот на познатата актерка Анџелина Џоли“, вели Толедо.

Урологот Исмаил Абара вели дека во последно време се поголем број на пациенти, без разлика на возраста бараат да им се зголеми фалусот или да направат операција која ќе им ја подобри ерекцијата.

„Залудно се обидувам да им објаснам дека не е во големината туку во техниката. Се обидувам на секој пациент да му објаснам дека пропагандата која ја наметнува Интернетот, телевизијата и машките магазини дека „колку поголем, толку подобро“ е сосема погрешна“, вели Абара, кој порачува да не се вршат „козметички“ зафати без посериозни причини, бидејќи постоперативните последици можат да бидат крајно несакани.


Наjновo од Стил
Концептот-cX влегува во производство
Истакнете го најдоброто со костимот за капење
Кејт Мос раскина со момчето
И внуката на Бритни доби насловна
Колешките сексуално ги малтретираат колегите?!
Tata Nano поскап од најавеното?!
Топ 5 модни митови
Лондонската модна недела нов хорор за моделите
Не спијам со мажи !
И познатите мочаат јавно?!
Храна и љубов
Арапите си го менуваат личниот опис
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи