
|
 |
Стил / (Wo) man
ГОЦЕ ДИМКОВСКИ ДЕМАНТИРА ДЕКА БИЛ НА ГЕЈ ИЗБОР ВО ЈУЖНА КОРЕЈА Не спијам со мажи !
Машкиот избор за убавина "Менхант интернационал" не е за хомосекусалци, демантира нашиот овогодишен преставник Гоце Димковски, кој во Сеул, Јужна Кореја влезе помеѓу 20-те финалисти во конкуренција од 50 мажи од целиот свет.
"Менхант" е традиционален избор кој секоја година се одржува во Јужна Кореја. Неофицијално, важи за геј избор, а меѓу организаторите има и транвестити. Минатата година, Вест објави приказна за ланскиот преставник Петар Колев кој вели дека избегал од изборот поради непристоен предлог да спие со маж. Петар бил згрозен, зашто како што изјавуваше еден од организаторите му понудил секс. "Ми понуди да му бидам партнер за во кревет, односно да имаме секс, а јас да бидам активен, тој пасивен. Се згрозив од понудата и два дена не излегов од соба", раскажуваше Петар.
Но, приказната на Гоце е соема поинаква. "Не верувам дека Петар го напуштил изборот. Колку што мене таму ми раскажуваа, тој бил избркан поради недисциплина и непочитување на правилата. Лани, изборот се одржуваше на планина. Петар дошол во друштво на девојка му, па одел на скијање. Место во осум, тој на пробите доаѓал во 11 часот, и не се појавувал на сите приеми. Правилата на изборот се многу строги, треба да бидеш точен во минута, а ми рекоа дека Петар бил неодговорен. Можеби веб страницата ја посетуваат хомосекусалци кои сакаат да гледаат згодни мажи, но тоа не значи дека изборот е геј", ни раскажа Гоце во вчерашниот разговор.
Димковски вели дека Филипинскиот претставник јавно се декларирал како хомосексуалец. На изборот дошол во друштво на двајца мажи од кои едниот му бил партнер. "Во организацијата имаше уште еден Филипинец, т. е. Филипинка, транвестит, но односот кон сите нас и беше многу професионален. Мои цимери беа Германецот и јужноафриканецот. И двајцата додека беа слободни постојано контактираа со девојките. Фала му на Бога, јас не можам да се пожалам од никаква понуда за секс со маж", вели Гоце, кој веќе две години е во љубов со девојка му Ивана. Тој е студент на Природно математичкиот факултет, отсек информатика, и има уште еден испит до дипломирање.
- Во осум беше појадокот, до 12 пробите, веднаш потоа секој ден имавме различни активности, се до вечерта. Кога се појавивме во костуми за капење, на нас носевме ѓердани од многу скапи дијаманти. Зад сцената, веднаш не чекаше обезбедување, за да им ги вратиме. Од набиениот распоред не можев многу да видам од убавиот град. Последниот ден, откако заврши изборот, си платив хотел, па шетав по храмовите и шопинг центрите", ни рече Гоце, и ни се пожали дека сам морал да бара спонзори за да замине во Сеул.
- Авионскиот билет од 900 евра Белград- Москва-Сеул ми го платија дел градоначалникот на Куманово, дел директорот на Водовод, дел една фирма. Џепарлакот од 500 евра што го носев ми го дадода роднини од Куманово", вели Гоце.
На "Менхант" тој замина со помош на лиценцата од модното студио "Црнокрак". Победник на изборот е Мароканецот со награда од 6.000 долари и договор за работа од 30.000 долари. Гоце добил понуда и учествувал на модна ревија од познатиот дизајнер Андреј Ким, кој работи за Мајкл Џексон. Сега е во контакт со неколку тамошни менаџери, и една менаџерка од Тајван. Вели дека допрва треба да се договори за неколку понуди за работа.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|