
|
 |
Стил / (Wo) man
И внуката на Бритни доби насловна
Помалата сестра на поп пејачката Бритни Спирс тинејџерката Џејми Лин Спирс, која неодамна се породи, деновиве заедно со своето бебе се сликаше за насловната страница на списанието „ОК“ за што доби висок хонорар.
По породувањето Спирс (17) се повлече на семејниот имот во Лузијана, а според пишувањата на светските медиуми, таа се чувствува добро.
 - Овде во Лузијана сите имаат ист приоритет - семејството. Ова е прекрасен начин на живот, изјави Џејми за списанието „ОК“.
Таа истакна дека имала лесна бременост и се чувствува благословено.
- Кога стануваше збор за бременоста мојот сопруг беше повознемирен од мене, така што некогаш морав да го смирувам, додаде Спирс.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|