Стил / (Wo) man
Истакнете го најдоброто со костимот за капење

Веќе со денови се обидувате да го купите совршениот костим за капење за ова лето, но никако да го најдете вистинскиот? Или корпите ви се премали, или пак кројот ги нагласува вашите недостатоци? Па, каков модел најдобро ви стои?
Без разлика на модата, не потпаѓајте под влијание на трендовите, и не купувајте го моделот кој оваа сезона е „in“, купете го оној кој најдобро ви стои.

За почеток, добро погледнете се во огледало за да оцените каква градба имате. Бидете искрени кон себе: дали сте јаболка, круша или песочен часовник, или пак сте слаба и имате градба ма младо момче. Имате големи гради? Кратко торзо? Стомак кој треба да се скрие? Откако ќе ги препознаете своите предности и недостатоци, тргнете во потрага. Запомнете, никој нема совршени пропорции, па дури ни манекенките и холивудските ѕвезди на чии фотографии ни застанува здивот.

Мали гради – Визуелно ќе ги зголемите ако горниот дел од костимот за капење е набран, ако има два слоја, упадлив дезен или јака боја. Доколку сакате рамни линии, изберете костим кој се врзува околу врат и нека има што помал израз. Големи гради – најважно е да изберете цврст костим за капење, по можност со лента под градникот, кои го прави поцврст. Бирајте едноставни кроеви, потемни бои или дезени со темна подлога во комбинација со други посветли бои.
Широк струк – вниманието од него ќе го тргнете доколку изберете едноделен костим за капење во потемна боја, со упадлив дезен. Исто така можете да се одлучите и за едноделен костим кој се состои од два различни дела, како и за модели кои ќе ги нагласат вашите гради.

Кратко торзо – ако сакате оптички да го издолжите торзото, изберете вертикални линии, или пак костим во повеќе нијанси на една боја. Добар избор е костимот кој изгледа како комбинација од два дела во иста боја, и различна нијанса. Така оставате впечаток дека имате подолго торзо.
Долго торзо – должината ќе ја маскирате со хоризонтални линии. Исто така одличен избор се костимите со ремен во друга боја, или пак едноделен костим, каде градникот е во друга посветла боја која ќе ви ги нагласи градите.
Јако колкови - Доколку имате јаки колкови и бедра, за вас одличен избор е оној костим чиј долен дел е во облика на шорцеви, по можност во потемна боја, Добар избор за костим на капење е долен темен дел и горен светол упадлив дел.
|