понеделник, 14.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Стил / (Wo) man

Каков маж да изберете?

Не постои жена која не е во потрага по идеалниот маж. Меѓутоа како да знаете кое однесување не треба да го толерирате, пред да го кажете судбоносното "Да".  Би било добро да дадете шанса на неколку различни типа на мажи. Освен тоа што ќе научите што највеќе ви се допаѓа, ќе имате повеќе искуство па ќе знаете како да се поставите кога ќе наиде правиот. Еве неколку типа мажи со кои треба да се забавувате пред да стапите во брак.

Романтичар

Ова е таков тип на маж кој не се плаши да ја покаже својата нежна страна. Од него можете да очекувате букет цвеќе или пак да ве изненади со вечера кој сам ја припремил. Покрај ваков човек не треба да се грижите дали следниот ден ќе ви се јави. Ќе ве научи дека постојат и такви кои уживаат додека се бакнуваат на полна месечина, па затоа после тешко би поднеле ако некој не ја сфаќа вашата потреба за повремени романтични моменти. Меѓутоа ни овој тип на маж не е без маани. Ваквите мажи всушност се заљубени во идејата за љубов, понекогаш повеќе отколку во личноста која е покрај нив. Сепак ова не значи дека не треба да му дадете шанса, вака ќе научите што не би торелирале во следната врска.

Фаца

Носи одела од најдобра марка, среден е до совршенство, изгледа моќно и е свесен за тоа. Ќе ве носи по скапи ресторани или пак ќе ве однесе на некое егзотично патување. Тоа е човек кој освојува со првиот поглед, софистициран и самоуверен, кој знае какво влијание има врз вас. Од него лесно ќе научите многу нешта, иако не е тип на маж кој брзо би се смирил со сериозна врска.

Постар секси тип

Сексипилот кај овие мажи лежи во нивното искуство. Доволно е стар за да знае дека на жените не им е доволно само вечера и вино за да бидат задоволени. Искусил многу жени и знае како да се однесува. Тој сигурно нема да закасни на вечера поради тоа што играл play station или се распишал на facebook. Покрај него ќе научите дека мажите знаат да бидат смирени, промислени и одмерени во своето однесување. После ваква врска, тешко ќе прифатите неодговорен клинец кој не знае како да се однесува. Меѓутоа врската со постар маж би наишла на потешкотии токму поради големата разлика во години.

Мачо тип

Ќе ви ги носи торбите, ќе ви ја брани честа ако некој ви дофрли некој непристоен коментар и не очекувајте дека некогаш ќе ги издепилира веѓите или градите. Покрај него ќе научите како е кога некој се грижи за вас и одлучува место вас. На јаките жени најверојатно ќе им смета ваквиот мачо став. Понекогаш овие мажи знаат да бидат дрски, не трпат приговори и кај нив се знае кој е глава на семејствто. Фудбалот и спортските преноси се неизбежна работа во неговиот неделен распоред, без разлика на вашите желби и потреби. Во ваква врска вие ќе сте таа која ќе мора да се прилагодува.


Друштвен тип

Без разлика дали сте излезени со пријателите или сте на семејно дружење, едно е сигурно- овој тип ќе биде главен на целата забава. Тој е разговорлив, насмеан и секогаш подготвен да каже некоја шега. Покрај него ќе научите дека не мора се да биде претходно испланирано, ќе ве отпушти и научи на спонтаност и авантуристичко расположение. Овие типови секогаш мораат да бидат во центар на внимение, сакаат возбуди и нови работи, па најверојатно ако му здосадите ќе си побара нова партнерка. Уживајте во возбудливите моменти, но доколку сакате подолга врска, одберете некој посигурен тип, кој не се истакнува до таа мера.

(T.J)




Наjновo од Стил
Девица на 25 години - страв од секс
Мис Венецуела победничка на Мис Универзум
Тајно претставување на новиот Sagaris
Каков маж да изберете?
Зачувајте ја бојата на косата
Ослободете се од лошите мириси видео
Девојките на Хефнер
Немам труднички, туку пивски стомак
Истакнете го најдоброто со костимот за капење
Кејт Мос раскина со момчето
И внуката на Бритни доби насловна
Колешките сексуално ги малтретираат колегите?!
Топ 5 модни митови
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи