
|
 |
Стил / (Wo) man
Зачувајте ја бојата на косата
Избледувањето на бојата на косата не е некоја голема трагедија, но знае ужасно да оди на нерви особено ако бојата за која скапо сте платиле почне да го губи својот интензитет уште во втората недела по посетата на фризерскиот салон.
Извесно опаѓање на бојата е неизбежно, што поради изложеноста на сонце, што поради премногу шампон, премногу топла или топлиот воздух на фенот исто така делува врз бојата. Значи опаѓањето на бојата можете да го спречите доколку го избегнувате пресилното сонце, доколку користете помлака вода при миењето на косата и ја сушите со послаб фен, и доколку инвестирате во зацврстувачи на боја. Тие се наоѓаат во четири облици: шампон, регенератор, маска за коса и балсам кој не се измива.
Шампонот за зачувување на бојата може да го поврати сјајот и да ја одложи посетата на фризерот за уште неколку недели. Исто така регенераторот ја ревитализира бојата на косата, а го освежува и нејзиниот изглед.
Маските за коса кои се наменети за бојадисана коса, во зависно од типот, може да ја изедначат бојата со подникнатата коса. Балсамот кој не ја измива е ефикасен, но делува само до следното миење. Тој се нанесува на мокра или на сува коса и не се измива.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|