
|
 |
Стил / (Wo) man
Шопинг = секс
Седумдесет и пет отсто од младите жени мислат подеднакво често на шопинг, колку што мажите размислуваат за сексот, покажа интернет истражувањето на британското издание на магазинот „Космополитен“.
 Со анкетата е потврдено дека кај жените на секои 60 секунди им се јавува мислата за нови фустани или пар чевли.
Без разлика дали станува збор за нов пар на скапи чевли или за евтина маица, „шопинг терапијата“ очигледно доминира во женските мисли, се заклучува во истражувањето.
Жените на возраст од 19 до 45 години на шопинг размислуваат секои 60 секунди, додека кај мажите мислата за сексот се јавува на околу 52 секунди. Ако се земе предвид дека просечната жена навечер спие по осум часа, тоа би значело дека таа во текот на денот околу 960 пати помислува на шопинг, или пак 6.720 пати неделно.

Тоа што загрижува е фактот што речиси половина од анкетираните жени признале дека повеќе уживаат кога се во шопинг, отколку кога се со партнерот, а речиси ист е бројот на жените кои од партнерите ги кријат своите шопинг излети, како и потрошената сума. Исто така, анализата покажува дека жените повеќе сакаат да купуваат сами, отколку со партнерот.
Истражувањето на „Космополитен“ покажа дека жените всушност уживаат во купување нешто ново, без разлика дали тоа им е потребно и без разлика дали некогаш ќе го облечат или не. Интересно е што половина од испитаничките откриваат дека не носат се што имаат во плакарот, а 10 отсто од нив признаваат дека по само неколку дена го губат интересот на новото крпче.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|