Стил / (Wo) man
Роналдо и раскина на Нереида
Фудбалерот Кристијано Роналдо и раскина на својата свршеница, шпанскиот модел Нереида Гељардо, јави португалските медиуми.

За сега не се знае точната причина за прекинувањето на врската, но како што објави весникот „24 Horas “, една од можните причини е минатото на убавицата Нереида.
Минатата недела таблоидите објавија дека манекенката на времето била во врска со одбранбениот играч на Реал Мадрид, Серхио Рамос, потенцијалниот соиграч на Роналдо доколку португалскиот репрезентативец потпише договор со шпанскиот клуб.
Жолтиот печат исто така пишуваше за нетрпението меѓу Нереида и мајката на Рондално, Долорес, која наводно смета дека шпанската убавица се забавува со нејзиниот син само поради неговите пари.

Медиумите се крајно изненадени од ваквиот расплет на врската на Роналдо, особено ако се земе предвид дека двојката неодамна одлично се сложуваше на неодамнешниот одмор на Сардинија, каде уживаа на 10 милионската јахта.
Нереида со своите пријателки заминала на Ибица за да се соземе од неочекуваното раскинување.
Во меѓувреме Роналдо се закрепнува од операцијата која уште 12 недели ќе го држи подалеку од спортските терени. Во последните неколку недели се погласни се шпекулациите за можниот трансфер на португалската ѕвезда во шпанската лига на шампиони.
(Д.Т)
|