
|
 |
Стил / (Wo) man
Сака дете за да си ја врати славата

Разгалената мала богаташка Парис Хилтон сака да роди дете за да си ја врати популарноста која и ја украде нејзината „јатрва“ Никол Ричи, пишуваат американските таблоиди.
Трендсетерката призна дека би сакала да оформи семејство со рокерот од „Good Charlotte “ Бенџи Меден, братот близнак на момчето на Никол Ричи.
Ричи и Џоел Меден во јануари го добија своето прво дете, ќерката Харлоу, а според информациите на „New York Post“, Хилтон е спремна да стане мајка само за да се врати во центарот ва медиумското внимание.
„Таа е љубоморна што Никол Ричи добива толку големо внимание. Таа се повеќе се губи од страниците на таблоидите. Бебето ќе ја врати повторно на насловните страници“, вели избор близок до богатата наследничка.
Сиротата Хилтон веќе не знае што да направи за повторно да се најде во центарот на вниманието, можеби не се сетила дека повторното заминување в затвор дефинитивно ќе и ги донесе насловните страници.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|